Нови модели

Првиот контингент од Mitsubishi Eclipse Cross патува кон Европа

Првите примероци од Mitsubishi Eclipse Cross патуваат на брод кон Европа. Продажбата на новиот кросовер тука стартува во декември, а потоа следат уште 80 пазари низ светот, вклучувајќи ги Австралија, Северна Америка и Јапонија. Производството на Eclipse Cross е во фабриката во Оказаки.

Првите сопственици ќе седнат во својот Mitsubishi Eclipse Cross во декември. Јапонската марка го претстави кросоверот на салонот во Женева, како пополнување на празнината меѓу моделите ASX и Outlander. Со 4,41 метри, Eclipse Cross е за десетина сантиметри подолг од ASX и настапува со впечатлив изглед, повикувајќи се на некогаш популарното купе Eclipse. Закосеното задно стакло создава силуета на купе-теренец.

Mitsibishi Eclipse Cross prvi 03

Под хаубата работи 1,5-литарски турбо-бензинец со директно впрскување, со моќност од 163 КС и вртежен момент од 250 Nm при 1.800 вртежи. Верзијата со погон на сите тркала доаѓа во комбинација исклучиво со менувач CVT со спортски модус и осум „виртуелни“ степени на пренос, којшто се нуди како опција во верзијата со погон напред.

Mitsibishi Eclipse Cross prvi 04

Втора погонска изведба е комплетно преработениот 2,2-литарски дизел, со нови клипови, коленасто вратило и клипници, за намалување на триењето и на потрошувачката на гориво. Погонот на сите тркала е идентичен со Outlander, односно се работи за системот S-AWC, „специјалитет на куќата“ докажан уште во легендарниот Evo X.

Mitsubishi Eclipse Cross се нуди како стилска алтернатива меѓу ASX и Outlander

Поголемиот дел од кокпитот и кабината се обложени се меки материјали со изглед на кожа, кои создаваат контраст со панелите во сребрена боја. Постојат повеќе можности за индививидуализација на стилот во кабината, вклучувајќи и облагородување со кожени седишта со штепови во портокалова боја.

Mitsibishi Eclipse Cross prvi 02

Новитет е „Touchpad Controller“ во широката средишна конзола, којшто според Mitsubishi овозможува лесно ракување со функциите, со движење на прстите преку површината што реагира на допир. Дисплејот е со големина од 7 инчи, како опција е достапен и проекциски дисплеј.

Mitsibishi Eclipse Cross prvi 01

Задната клупа се поместува надолжно за 20 сантиметри, се мести и аголот на клупата. Панорамски сончев покрив не недостига на листата на опции. Дијапазонот на системи за асистенција се движи од предупредување при опасност од налетување во возило, до систем за следење лента и прикажување на целиот простор околу возилото, до заштита од ненамерно притискање врз гасот, кога постои пред пречка или друго возило напред.

До март 2018 година, јапонскиот производител планира на светскиот пазар да испорача 50.000 примероци од кросоверот.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729