за

Mitsubishi извезе четири милиони автомобили од Тајланд

mitsubishi-4-mio-izvoz-tajland
mitsubishi-4-mio-izvoz-tajland

Mitsubishi денес го одбележа извозот на четиримилионитиот автомобил од својата производствена мрежа во Тајланд. Станува збор за три фабрики за возила и една фабрика за мотори во земјата, во коишто лани беа произведени 440.000 возила.

Mitsubishi го основаше својот огранок во Тајланд во 1961 година и беше прв автомобилски производител што стартуваше со извоз оттаму во 1988 година. Лани во трите автомобилски фабрики во провинцијата Чонбури се произведоа 440.000 возила, од кои за извоз заминаа близу 80 проценти. Mitsubishi Motors Thailand моментно вработува повеќе од 7.000 лица и уште илјадници други во погоните на добавувачите.

Тајланд е најголема производствена локација на Mitsubishi надвор од Јапонија. Неодамна во Англија пристигна првиот бродски контингент од новиот пикап Mitsubishi L200. Испораките за најголемите европски пазари ќе стартуваат веќе во август.

Производственото портфолио се состои од моделите Space Star, L200 и Pajero Sport. Во Тајланд се произведува и верзијата на пикапот L200 под логото на Fiat и под моделското име Fullback.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

лексус лс водороден погон прототип

Lexus почнува со тестирање на знаменосецот LS со погон на водород

MG ZS EV

Илјада примероци од електричниот MG продадени за две недели