150
21 shares, 150 points

Алесандро Дамброзио пристига во Mitsubishi директно од студиото на Audi во Минхен. Дизајнерската ѕвезда ќе внесе футуристичка нота во изгледот на јапонската марка

Алесандро Дамброзио е новиот генерален директор за напреден дизајн во Mitsubishi Motors. Тој ќе раководи со тимовите во трите главни дизајнерски студија на јапонската марка, односно со центрите во Оказаки, Токио и Франкфурт. Дизајнерот чиешто име долго време се спомнува на сцената ќе ги поднесува своите креации пред Цунехиро Кунимото, вицепретседател за дизајн на Mitsubishi.

„Алесандро е мошне искусен и вешт дизајнер, со долга кариера кај водечките автомобилски компании,“ изјави Кунимото. „Очекувам тој да ги инспирира нашите тимови во создавањето на следната генерација на дизајнот на Mitsubishi и да придонесе за обновувањето и унапредувањето на марката Mitsubishi Motors во нејзиниот глобален напредок.“

Дамброзио ќе ги постави основите на стилот за идната генерација модели на Mitsubishi

Италијанецот пристига во Mitsubishi во време кога се поставуваат основите на стилот за идната генерација модели на марката. Предизвикот за Дамброзио е да ги соедини сите моделски икони во историјата на Mitsubishi во нов препознатлив стил, во когошто ќе има елементи во целиот дијапазон, од спортскиот Evo до робусниот Pajero.

Дамброзио е роден во Милано и ја започнува кариерата во Fiat, во центарот за стил на Lancia. Фановите на Alfa Romeo ги препознаваат и ги ценат моделите чијшто изглед тој го создаваше во своите осум години работа како главен дизајнер за миланската марка, меѓу кои Alfa 159, Mito и Giulietta. Следниот работодавец е Maserati, а потоа и групацијата Volkswagen, кадешто е шеф на Audi Concept Design Studio во Минхен. Меѓу неговите највпечатливи креации во тоа време е уникатниот Lamborghini Egoista, со когошто беше одбележана 50-годишнината на болоњската марка. Тој има работено и на дизајнот на Volkswagen Polo и Passat, Bentley Bentayga, Audi A4, A5 и концептниот Audi TT Sportback.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
21 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743