за

Mitsubishi најиздржлив автомобилски бренд во Германија според JD Power

Моделите на Mitsubishi се покажаа најиздржливи во истражувањето што американската институција JD Power ја спроведе меѓу сопствениците на возила од повеќе марки на германскиот пазар.

Во студија спроведена меѓу 15.000 возачи на автомобили стари меѓу една и три години во Германија, моделите на Mitsubishi добија најмалку забелешки од нивните сопственици поврзани со најразновидни проблеми со возилата во текот на изминатите дванаесет месеци.

Сопствениците на возила од повеќе марки ги искажуваа своите искуства преку одговори на 177 прашања коишто укажуваат на можен технички недостаток, во осум категории: Мотор и пренос, надворешност на возилото, искуство при возење, контролни уреди и индикатори, аудио-комуникациски уреди, седишта, ладење и вентилација, греење и внатрешност на возилото.

Индексот на издржливост го покажува вкупниот број на недостатоци што е регистриран на сто возила од одредена марка. Тоа значи дека марките што имаат пониска вредност на индексот на издржливост се рангираат подобро на листата на JD Power, отколку марките со повисок индекс.

Ранг-листа на најиздржливи марки на германскиот пазар според JD Power

lista

Според овие критериуми, на врвот на листата за годинава се најде марката Mitsubishi, со најмал број на дефекти, односно со најголема издржливост. На секои сто возила од јапонскиот производител, сопствениците се пожалиле за вкупно 77 позиции, што е далеку од просекот на сите марки во ова истражување и истиот изнесува 127.

Според германската издавачка куќа Аксел Шрингер, којашто меѓу другото е издавач на автомобилскиот магазин Auto Bild и го застапува американскиот институт JD Power на европскиот пазар, „издржливоста на автомобилите директно се одразува врз продажбата и лојалноста кон брендот кај најголемиот број купувачи.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препораки од РСБСП за зимска подготовка на возилото

Nio EP9 е најбрзиот електричен автомобил и вози со моќност од еден мегават