за

Mitsubishi најавува спортска верзија на Outlander PHEV

Главното стилско одбележје на новиот дизајнерски говор на Mitsubishi беше прикажан премиерно со концептот S

По две години од премиерата на кросоверот со хибриден погон во Париз, Mitsubishi на истото место ќе го прикаже концептот на можната дополнителна верзија на овој модел.

На претстојниот салон во Париз, Mitsubishi ќе прикаже дизајнерска студија со којашто го испитува теренот на пазарот за воведување на дополнителна моделска верзија со техниката од Outlander PHEV, којашто ќе стави поголем нагласок на динамичниот дизајн и на перформансите на хибридната техника на марката.

Студијата Outlander PHEV Concept-S поседува „спортска и софистицирана нота“ во дизајнот, на што се однесува и буквата S во ознаката, посочувајќи на комбинацијата од погон на сите тркала реализирана со бензинец и два електромотора, како и на високиот комфор во возење и солидните својства за возење на терен на техниката на Mitsubishi. Засега јапонскиот специјалист за теренци и брзи машини ги открива само контурите на студијата од Париз, без подробности околу новитетите во техниката.

201409020_2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фотогалерија од салонот за возила и опрема за кампување во Диселдорф

Toyota го произведе едномилионитиот мотор во Полска