Јапонската марка повторно продава одлично на европскиот пазар. На 34-те европски пазари се продадоа 106.712 автомобили, што е зголемување од 10 проценти. Најпродаван модел е кросоверот ASX.
Најголем пораст во продажбата e постигнат во Велика Британија (+32%), Израел (+151 %), Турција (+29 %), како и Норвешка и Португалија (+15, односно 16 %). За огромниот пораст во продажбата на Mitsubishi во Холандија од 234 проценти, при намален пазар од 17 проценти, најмногу придонесе почетокот на продажбата на Mitsubishi Outlander PHEV. Причина за успехот на јапонската марка во Холандија е даночниот систем што предвидува големи повластици за хибридните и електричните автомобили, меѓу кои се вбројува и хибридната изведба на Outlander со надворешно полнење на батериите.
Најголем пазар за Mitsubishi во Европа останува Германија. Во минатата година таму се продале 21.910 возила, исклучувајќи го пикапот L200. Потоа следат Велика Британија и Холандија, пред Израел, Норвешка и Франција. Нјапродаван одел во Европа е кросоверот ASX, пред Outlander и малечкиот Space Star, чија што продажба стартуваше минатата година. Впечатлив е успехот и на L200, со 16.495 продадени примероци на европскиот пазар.