152
20 shares, 152 points

Потегот на Mitsubishi да комбинира плагин-технологија со хибриден погон во Outlander се покажа одличен. За три години се продадоа над 100.000 примероци од хибридниот теренец.

Mitsibishi Outlander PHEV веќе го има првиот голем повод за прославување. Откако верзијата на Mitsubishi Outlander со хибриден погон со можност за надворешно полнење стартуваше со продажба пред три години, продадени се над 100.000 примероци. Не е за изненадување тоа што најголем пазар за Outlander PHEV е токму Европа, кадешто купувачите се повеќе свесни за предностите од плагин-технологијата што ја поседува теренецот на Mitsibishi, како еден од ретките во својот сегмент.

Прв теренски модел со хибриден погон и плагин технологија во светот

Дури две третини од продажбата, односно околу 66.000 примероци се постигнати само на европскиот пазар. Во декември, јапонската марка го прославуваше педесетилјадитиот примерок од теренецот во Европа. На второто место е Јапонија со 34.000 примероци. Дури и Австралијците покажаа невообичаено голем интерес за плагин-хибридот на Mitsubishi, со над 2.000 продадени примероци од Outlander PHEV досега.

Според фабричките податоци, Outlander PHEV со полни батерии минува до 52 километри, пред да се активира погонската спрега што ја сочинуваат дволитарски бензинец од 121 КС и електромотор од 82 КС. Крајната брзина е ограничена на 170 km/h, спринтот до сто трае 11 секунди. При полнење на батериите на домашен приклучок за струја, за целосно полнење на батериите се потребни околу пет часови, додека при приклучување на брз полнач, времето се скусува на половина час.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
20 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *