145
19 shares, 145 points

Електричниот автомобил на Mitsubishi ја понесе победата на најголемото рели за електрични автомобили во регионот на Северна Европа, по преку 300 извозени километри и 12 испитни категории.

Mitsubishi Electric Vehicle победи на најголемото рели за електрични автомобили во Северна Европа. Возачот Михаел Лешек и совозачот Холгер Хаулзен победија во генерален пласман по сите брзински испити на турата долта 332 километри. Триесет тимови учествуваа на ова рели за возила што користат исклучиво погон на струја, поаѓајќи од германската покраина Шлезвиг-Холштајн до југот на Данска. Натпреварувачите на релито мораа да се докажат во 12 испитни категории, меѓу другото во забрзување, рамномерно возење, штедење енергија и ориентација.

Правилата на релито предвидуваат полнење на батериите по 100 извозени километри во времетраење од три часови. На тој начин се зема во предвид ефикасноста на целиот концепт на електричните возила на релито

Mitsubishi EV победи во конкуренција на Tesla Model S, Nissan Leaf и други реномирани електромобили

Mitsubishi Electric Vehicle, познато уште под моделската ознака i-MiEV, победи во генерален пласман, во конкуренција на електрични возила од сите категории, вклучувајќи ги Tesla Model S, Renault Zoe, Smart Electric Drive, Nissan Leaf или BMW i3. Меѓу повпечатливите испити за публиката на релито беше забрзувањето од место до 40 метри, како силна страна на електричните автомобили, коишто во категоријата на Mitsubishi EV достигнуваа брзини од преку 50 километри на час на ова кусо растојание. Батериите во возилата се приклучуваа за полнење по секои 100 километри, во времетраење од три часови, овозможувајќи присутната публика по турата на релито да ги разгледа автомобилите одблизу и да дознае повеќе информации околу електричниот погон. Релито се одржува веќе петта година.

mitsubishi electric vehicle


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *