104
15 shares, 104 points

Секој ден треба да почнува со сонце, но постојат и денови кога е подобро тоа да се одложи за подоцна. На пример, во денови кога е најавено возење со теренци по специјално подготвена патека. Македонскиот Mitsubishi ја проби летаргијата од зимските месеци и почна со промотивни активности. И тоа какви активности!

На патеката која што им е најдобро позната на љубителите на мотокросот, во скопски Орман, специјално адаптирана да обезбеди екстремни услови на возење по терен, во минатиот викенд се одржа настанот Mitsubishi off-road 2013, организиран за сопствениците и на професионалните корисници на возилата од марката.

Дожд, кал, помешано со адреналин и многу коњски сили – така настанот го опишува првиот човек за маркетинг на Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ: „Мошне внимателно го планиравме настанот, бидејќи истиот во основа имаше поставено цел да ги едуцира сите учесници, односно обука за сите оние кои управуваат Mitsubishi SUV возила, да знаат кои се можностите и перформансите на возилата и како истите да ги искористат за безбедно и рационално возење“.

Учесници на дводневниот настан беа вработените во компанијата Т-Home, кои секојдневно ги користат возилата на Mitsubishi во екстремни услови, како и други компании и приватни лица, кои освен работно, возилата ги користат едноставно за дополнително да го активираат адреналинот и да ја почувствуваат страста на планиското возење.

„Кога пристигнаа учесниците и кога ја видоа патеката, беа помалку скептични дека истата ќе можат да ја минат со нивните возила. На крајот кога ја минаа патеката со помош на нашите инструктори најмногу ме израдува коментарот – „имавме што да научиме, ова е искуство што долго ќе го паметам“, изјави познатиот долгогодишен авто рели возач и организатот на трки, Димитрие Пеливанов.

Патеката долга над 1 километар беше подготвена да прикаже реални екстремни услови на возење, а земјата ја дробеа моќните модели на Mitsubishi Pajero и L200. На настанот учествуваа околу 100-тина возачи на Mitsubishi, главно на моделите Pajero и L200.

Дел од изјавите на учесниците:

Кога влегов на патеката за миг ме потсети на екстремните патишта во Латинска Америка кои често ги прикажуваат на интернет

Едно зимо кога го управував моето Мitsubishi L200, се откина тежок кабел за струја и удри во мојот покрив. Неверојатно, но сета ситуација мина дури и без мала грбнатина на возилото

Моето Mitubishi L200 се качува како коза насекаде, но едно зима ме завеа снег. Успеав да се движам со сајла, закачувајќи се од дрво до дрво, но на крајот заглавив, немаше веќе каде. Ме извлекоа со хеликоптер

Сега се уверив зошто долги години Mitsubishi Pajero беше најдобар на релито Дакар, ова е навистина хард возило

[nggallery id=2]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

104
15 shares, 104 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *