за

Електричното Mini достигна продукција од 11.000 примероци

Електричното Mini достигна 11.000 примероци
Електричното Mini достигна 11.000 примероци

Во историските погони во Оксфорд во последните девет месеци се произведени единаесет илјади примероци од електричното Mini Cooper SE. Околу една третина од оваа продукција била испорачана на домашниот пазар.

Mini се бројува меѓу марките што најцврсто се држат до својата традиција, но во исто време ја следи и технолошката авангарда. Британската марка што му припаѓа на концернот BMW пријави одлични продажни резултати за својот прв електричен модел, Mini Cooper SE.

Од фабриката во Каули, Оксфорд, од почетокот на производството во ноември лани, досега излегоа над единаесет илјади примероци од електричното Mini. Само на домашниот пазар се регистрирани три илјади примероци од Mini Cooper на батерија.

Покрај Cooper SE, марката моментно го нуди и СУВ-моделот Cooper Countryman SE во плагин-хибридна изведба, кој неодамна доби нова батерија за реален досег од педесетина километри при возење на струја. Mini очекува дека една третина од продукцијата на класичната моделска изведба со три врати во 2021 година ќе биде во електричната варијанта.

Во споредба со Nissan Leaf, кој исто така се произведува на „островот“ и достигна 21.000 произведени примероци во 2018 година, продукцијата на Mini заостанува значително, но од друга страна, моделот се појави на пазарот кусо пред избивањето на корона-пандемијата и последиците врз продажбата што ги предизвика истата.

Франкфурт 2019: Mini Cooper SE само еднаш на полнач на пат од Минхен

Mini тестира Mini: Со погон на струја на снег во планина
Mini тестира Mini: Со погон на струја на снег во планина

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Овој прибор најчесто го избираат сопствениците на Skoda Scala и Kamiq

Овој прибор најчесто го избираат сопствениците на Skoda Scala и Kamiq

Lexus LC 2021 Dazzling Carnelian

Lexus две години ја развиваше оваа боја за купето LC