за

Mini отвора досега единствен вид на салон во центарот на Минхен

mini нов салон минхен
mini нов салон минхен

Минхен на 12-ти октомври ќе добие уште една архитектонска атракција. Станува збор за салон за автомобили, но таков што можат да го замислат само во Mini. Автомобилските марки постојано воведуваат нови концепти на салони, зборуваат за нов идентитет на марката, но тоа што јавноста и идните купувачи ќе го видат на крај е далеку од очекувањата. Овојпат е сосем различно.

На плоштадот Ленбах во Минхен викендов се отвора Mini Pavillon. Салонот е дел од „Ној Максбург“, кој се наоѓа на историски важна локација во градот и го следи баухаус-стилот. Посебноста е во тоа што место само салон за автомобили, објектот служи како комплекс за повеќе марки, чијашто идеологија се надоврзува меѓусебно. Покрај Mini, во салонот се одомаќени уште Herzog, MATES, VIU, Harman Kardon и BARBER HOUSE.

Станува збор за напреден архитектонски пристап, кој става нагласок на урбаниот карактер и на користењето заеднички простор. Пријатели ќе пијат кафе во надворешниот простор или во барот на Herzog, други ќе работат на заеднички проекти во компанијата Mates, трети ќе договорат термин во Barber House, а некои ќе избираат очила во VIU или ќе уживаат во аудио-езотерија во салонот на Harman Kardon. Згора на тоа, просторот ќе може да се изнајмува за организирање настани или како дијалог-платформа.

Павилјонот е изграден во 1960-те години и повторно почнува да работи како салон во 2003 година. По темелна санација, објектот сега му се враќа на уникатниот концепт на релаксација, информирање, работа, нетворкинг и купување.

Како урбана марка, Mini отсекогаш се занимава со темата на мобилноста во градот. Нашиот нов концепт на Urban Store, со интересни партнери, претставува уште еден составен дел од нашето постоење и актрактивна понуда за сите посетители во центарот на Минхен

Бернд Кербер, директор на марката Mini

Сите партнери во центарот ќе имаат посебни акции на денот на отворањето, а секако е предвидена и соодветна музичка кулиса. DJ Zoom.Like ќе пушта музика дење, од 18 до 20 часот настапува Пол Холанд.

Спцеијалистите за Mini ќе можат да им понудат и виртуелна реалност на посетителите и заинтересираните клиенти, за запознавање со целата моделска понуда и услуги на култната марка. Главниот нагласок од моделската понуда на Mini ќе се постави на електричниот Cooper SE, кој ќе биде изложен во салонот.

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Dendo Drive House

Mitsubishi Outlander во Јапонија служи како акумулатор за цела куќа

Peugeot 208 Euro NCAP

Пет ѕвезди за безбедност за BMW, четири за Peugeot