за

Сé најубаво за Денот на Мајките – од Mini

Сé најубаво за Денот на Мајките – од Mini
Сé најубаво за Денот на Мајките – од Mini

Малата и фина британска марка уште еднаш потсетува дека не е „само“ марка, туку и култура. Во актуелната MINI Lifestyle Collection има бројни подароци, што можат убаво да изненадат.

Постојат многубројни поводи да им заблагодариме на нашите Мајки. Втората недела во мај, во многу региони ширум светот се одбележува во таа чест. Во колекцијата MINI Lifestyle постојат безброј идеи за подароци што може да бидат посебни за Денот на Мајката. Како алтернатива на цвеќето и чоколадните бомбони, голема предност на овие подароци е во тоа што радуваат трајно.

Модерни парчиња облека, практичен прибор за секојдневието и стилски додатоци со стил што е својствен за марката Mini, совршено се скроени за да се искаже благодарност на Денот на Мајката. Сите производи во актуелната MINI Lifestyle Collection може да се погледнат во онлајн-продавницата https://shop.mini.co.uk/ , за повеќе информации може да се контактира македонскиот увозник М Кар.

За модерен почеток на претстојната летна сезона стои на располагање MINI Wordmark T-Shirt Women’s, во боја на корал, или во класична црна и бела боја. Како совршен подарок за мајките што повеќе сакаат стилски ретро-изглед, во MINI 60 Years Lifestyle Collection може да се најде MINI Car Print T-Shirt Women’s, а се нудат уште MINI Stripe T-Shirt Women’s, како и MINI Vintage Logo T-Shirt Women’s.

За работа во канцеларијата или за приватни забелешки стои на располагање квалитетен прирор за пишување во типичниот дизајн на марката. Спонтаните идеи ќе се запишуваат во MINI Striped Notebook од колекцијата по повод 60-годишнината на марката или во MINI Cloth-Bound Notebook. За пишување одлично ќе послужи MINI Fountain Pen со двобојно алуминиумско куќиште.

Се сеќавате на нашата репортажа со Mini на струја?

Mini Cooper S E Countryman 4All eko-predizvik Markov manastir

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan e-NV200 Voltia XL

Nissan со нова изведба на електричното комбе e-NV200

Шефот на Kia очекува продажбата да се врати во нормала до јули