за

Great Wall ќе ги произведува електричните модели на Mini за Кина

Great Wall ќе произведува електрични модели на Mini за Кина
Great Wall ќе произведува електрични модели на Mini за Кина

Групацијата BMW и кинеската компанија Great Wall Motor ќе градат заедничка фабрика за електрични возила во Кина. Во новата фабрика ќе се произведуваат моделите на Mini со електричен погон. Највисоки претставници од властите присуствуваа на поставувањето на темелите на заедничката компанија Spotlight Automotive Limited.

Фабриката со капацитет за 160.000 возила годишно ќе вработуваат околу 3.000 лица. Изградбата ќе започне во следната година и ќе трае до 2022 година. Двата партнери вложуваат вкупно 650 милиони евра.

Локацијата на новата автомобилска фабрика е Жангјаган во провинцијата Чангсу. Овој чин претставува значајно унапредување на досегашната соработка меѓу Great Wall Motors и групацијата BMW. Договорот беше потпишан во летото во 2018 година, во Берлин, во присуство на кинескиот премиер Ли Кечианг и германската канцеларка Ангела Меркел.

Покрај производство, соработката предвидува и заеднички развој на возила со погон на струја за најголемиот пазар за електрични возила во светот. Во фабриката ќе се произведуваат повеќе модели на Mini со погон на струја, но и електрични возила за кинеската марка Great Wall.

MINI COOPER SE
MINI COOPER SE

Европскиот пазар го очекува стартот на испораката на Mini Cooper SE во првото тромесечје од следната година. Првиот сериски модел на Британците со погон само на струја ќе се произведува во матичната фабрика во Оксфорд, кадешто неодамна беше одбележано производството на 10-милионитото возило од стартот во 1959 година. Возилата за Европа ќе се испорачуваат првенствено од Британија.

BMW напредува убедливо во ерата на електромобилоста. Планот е компанијата до крајот на 2021 година да надмине вкупна продукција од еден милион возила со електричен или плагин-хибриден погон.

За електричното Mini Cooper SE веќе се регистрирани близу 80.000 нарачки

До крајот на 2021 година, групацијата BMW ќе нуди вкупно пет модели со погон на батерија. Покрај BMW i3, чијашто продажба годинава порасна за 20%, веќе се нуди и Mini Cooper SE, чиешто производство стартуваше месецов. Регистрирани се повеќе од 78.000 нарачки за електричниот Mini. Во кинескиот Шенјанг в година стартува BMW iX3, додека во германската фабрика во Динголфинг една година подоцна ќе следи и револуционерниот iNext. Во 2021 година во Минхен започнува и производството на BMW i4.

BMW i4 eDrive V
BMW i4 eDrive V

До 2023 година, германската групација ќе има 25 модели со електричен погон, од кои повеќето со погон само на струја. Тоа го овозможуваат приспособливите платформи на новите генерации модели, што се предвидени и за моделски изведби со погон на струја и плагин-хибриди.

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Започна производството на новата Skoda Octavia

Започна производството на новата Skoda Octavia

What Car izbor avtomobil na 2020 godina

За автомобил на годината на What Car? во трка над 200 модели во 23 категории