147
19 shares, 147 points

Најексклузивните моделски серии на Mini ја носат ознаката John Cooper Works GP. Актуелната серија од овој модел ќе се изработи во само 3.000 примероци и се одликува со тоа што Mini до најситен детал е оптимиран за тркачка патека, но пак може да се користи во секојдневието. Кога Британците го најавија моделот пред повеќе од половина година, на многумина им личеше дека впечатливите проширувања на крилата се изведени заради изглед. Секако дека тие имаат многу поважна улога од украсување на изгледот. Инженерите на групацијата BMW, каде што припаѓа Mini, сега открија неколку детали околу изработката на овие уникатни проширувања на крилата на John Cooper Works GP.

Овие каросериски додатоци во браншата се водат како „спатс“ и во случајот на Mini JCW GP се изработени од карбон. Тие не се лакирани и јасно се гледа карбонската структура. Во фабриката на BMW во Динголфинг се користи т.н. постапка на влажно пресување за изработка на карбонскиот дел од овие панели. Овие делови понатаму се транспортираат до фабриката во Ландсхут, каде што карбонските панели во автоматски процес се составуваат со пластичните држачи, кои се изработени со постапка на леење со прскање.

Групацијата BMW е прва во светот што ја применува оваа комбинација од материјали во конкретната форма. Претходно се извршени симулации во лабораторија за виртуелна реалност, со цел да се оптимираат работните процеси.

Инженерите на групацијата дури наведуваат дека развојот на аеро-компонентите за ексклузивниот Mini бил исклучително брз. Од идеја до вградување во сериско производство во фабриката на Mini во Оксфорд, минале „само“ 18 месеци. Трудот вредеше во секој случај. Mini JCW GP го вози Нирбургринг за половина минута побрзо од моделот од претходната генерација. Да нема сомневање, Mini ја вози германската патека за помалку од осум минути.

Уште еден детал е серискиот број на моделот што е напишан на предните „спатс“. За тоа е користена специјална постапка на лакирање, со дебелина на слој потенок од коса. Покрај тоа, за карбонските панели првпат во светот е користен рециклиран филц со хексагонално штепување, што дава посебен изглед на површината на аеро-панелите.

Mini John Cooper Works GP е вистински големец на тркачката патека
Mini John Cooper Works GP
Mini John Cooper Works GP


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *