за

Mini го извади од печат новото издание на Mini Insider

Mini го извади од печат новото издание на Mini Insider
Mini го извади од печат новото издание на Mini Insider

Во салоните на Mini деновиве пристигаат примероците од новото издание на Mini Insider, магазин што е посветен на марката и на посебниот лајфстајл што таа го посредува. Магазинот е отпечатен во 100.000 примероци, се дистрибуира ширум светот и достапен е на 20 јазици.

Кусо пред крајот на јули излезе од печат првото издание на новиот магазин Mini Insider. Неговите креатори го осмислија како магалог, односно како замена за каталозите што култната марка Mini обично ги печати за своите модели. Магазинот во иднина ќе се печати еднаш годишно.

За концептот и печатењето на магазинот на 62 страници е задолжена прочуената агенција Territory. Во првото издание насловено „XPLORER Issue“, авторите и фотографите направија репортажа на впечатливи локации низ светот, почнувајќи од Кејптаун до Портланд.

Главна тема е електричниот Mini Cooper SE, кој е фотографиран во Лисабон, во европската престолнина на животната средина за 2020 година. Сесијата е дело на фотографите Нуриа Вал и Коук Бартрина. Овие професионалци од сферата на социјалните мрежи го возеа електричниот Mini низ улиците на португалската престолнина и ги искусија предностите на погонот на струја. Покрај овие лајфстајл-теми што се читаат со внимание и уживање, Mini Insider прикажува уште бројни сцени од светот на марката.

Со внимание кон животната средина, магалогот е печатен на природна хартија манкен-полар од шведската фирма Arctic Paper.

>>> Електричното Mini достигна продукција од 11.000 примероци

Електричното Mini достигна 11.000 примероци
Електричното Mini достигна 11.000 примероци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia во Австрија спојува пробно возење и сурфање

Kia во Австрија спојува пробно возење и сурфање

Каков избор на користено возило е Dacia Duster

Каков избор на користено возило е: Dacia Duster