135
18 shares, 135 points

Mini уште од старт е осмислен да се разликува, а сега се разликува уште толку. Mini Electric деновиве ќе биде на прво возење кај светските медиуми, на презентација во Мајами. Целата струја за настанот, вклучувајќи го полнењето на батериите, доаѓа од одржливи извори.

Цела една светска презентација на нов модел се одржува со „зелена“ струја. Mini деновиве ги повика водечките светски медиуми на презентација на новиот Electric во Мајами, Флорида. Бидејќи станува збор за електричен автомобил, а одредени политички интереси, кои воедно се и најгласни во САД, товарат дека електричниот погон е божем повеќе штетен за климата отколку нафтата, целата електрична енергија што ќе се потроши за настанот доаѓа од одржливи извори. Тоа, секако, не е единствената причина за комплетното покривање на настанот со еко-струја.

Батериите на стотината електрични возила што же им бидат на располагање за медиумите се полнат со струја од одржливи извори. На настанот од светски карактер општо се внимава потрошувачката на енергија да биде колку може пониска. Таму кадешто не може да се користи еко-струја или да се постигне неутрален СО2-биланс, на пример за авионските летови на новинарите од цел свет, Mini откупи таканаречени сертификати за клима, со кои посредно се намалува емисијата на СО2 на друго место ширум светот.

Средствата со коишто Mini компензира за локалната емисија на СО2 што е неизбежна, ќе се инвестираат за изградбата на ветерниот парк во Урувај

Со средствата што Mini ги издвои за овие сертификати ќе се учествува во изградбата на ветерниот парк во Пералта, Уругвај. Таму со 25 турбини на ветар се покрива енергетската потреба на 50.000 домаќинства. Станува збор за проект на Универзитетот Харвард. Јужноамериканската држава има цел до 2030 година да постигне целосно неутрално производство на струја во поглед на емисијата на СО2.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Mini Cooper SE користи електромотор со 184 КС, спринтот до 100 km/h трае само 7,3 секунди. Батеријата е вградена во подот на возилото и овозможува досег меѓу 235 и 270 километри. Полнењето може да се врши преку обичен приклучок за струја или на ѕиден полнач за струја Mini Electric Wallbox. Секако дека може да се користат и станици со брзи полначи со моќност до 50 киловати.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *