за

Mini на струја е голем автомобил во Лас Вегас

Mini на струја е голем автомобил во Лас Вегас
Mini на струја е голем автомобил во Лас Вегас

Во Лас Вегас велат дека сé е поголемо за еден број. Едно Mini сака да го смени тоа и да докаже дека автомобилите денес можат да бидат големи и на друг начин. На пример, со погонот на струја.

Сјај и гламур, игри на среќа и шоу од најголеми размери. Тоа е кусиот, но сосем верен опис на забавната метропола Лас Вегас. Тим од Mini го посети градот во пустината со првиот автомобил со погон на струја на британската марка – пред да избувне пандемијата.

Во градот што има копии на Статуата на слободата, на Ајфеловата кула, на египетските пирамиди и на венециските канали, со двојници на Елвис на секој агол, повеќе посетители ги гледаат овие „знаменитости“ отколку што имаат посетители оригиналните градби.

Во светски прочуените шоу-арени отсекогаш изведувале врвни илузионисти од рангот на Давид Коперфилд, Зигфрид и Рој или Ханс Клок. Во метрополата на игрите на среќа и на забавата, сé е поголемо отколку на друго место. Тоа важи и за улиците, по кои крстосуваат екстра долги лимузини, најретки и најскапи спортски автомобили и пикапи со мотори од кои трепери земјата. Може ли малечок автомобил, каков што е Mini, да привлече внимание во оваа средина? Тимот од британската марка е дојден затоа, и тој вели: Да!

Mini е ретка појава во Лас Вегас, но сите го препознаваат. Овој Mini има и дополнителна привлечност – вози на струја. „Стрип“ се нарекува познатата улица во градот, по чијашто должина од седум километри се редат хотели со звучни имиња, како „Venetian“, „Mirage“, „Flamingo“, „Caesars Palace“, „Bellagio“, „MGM Grand“, „New York, New York“ или „Luxor“. Додека вози по улицата, на чиј почеток се наоѓа прочуениот натпис „Welcome to Fabulous Las Vegas“, Mini го привлекува вниманието со тоа што вози безшумно, но брзо. Само зуи како бумбар.

При возењето може да се избираат два степени на повраток на енергијата при запирање, којашто се користи за полнење на батеријата. Во посилниот степен и со малку вежба, може да се вози од семафор до семафор без вооошто да се притиска врз сопирачката.

Сите јавни објекти во Лас Вегас се напојуваат со енергија од обновливи извори. Има и доволно полначи за електрични автомобили

Со полна батерија, Mini Electric минува меѓу 235 и 270 километри. Голема комоција е можноста оддалеку да се пушти климатизацијата, за кабината да се излади на температура по желба, пред да се седне внатре. Тоа е мошне корисно, особено во услови на пеколни температури, како во прочуениот Ред Рок Кањон, кој е оддалечен 30 километри од Лас Вегас и привлекува бројни посетители.

Уште една популарна цел е браната Хувер, на 50 километри југоисточно од Лас Вегас. Главната причина за оваа работно-туристичка посета на метрополата во пустината во Невада е да се провери функционирањето на техниката и на електрониката на Mini Electric во услови на високи температури.

Инженерите на Mini се дојдени и за еден посебен тест. Од седумаесетте џиновски турбини на браната Хувер, на 50 километри од Лас Вегас, се шират огромни електромагнетни бранови наоколу. Mini е посебно заштитен од вакви влијанија, сето тоа се должи на повеќедецениското усовршвуање на техниката на електричниот погон.

Се сеќавате на нашата еко-репортажа со плагин хибридниот Mini Cooper SE Countryman 4 All…

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автоматскиот повик при итен случај ја забавува испораката на Golf

Автоматскиот повик при итен случај ја забавува испораката на Golf

toyota highlander

Toyota има нешто подобро и од RAV, седумсед Highlander