142
19 shares, 142 points

Mini Countryman отсега вози со диодни светла како стандард, заедно со неколку измени во изгледот. Во кокпитот следат дигитални инструменти. Во техниката нема што да се додава: Плагин-хибридот постои веќе долго.

Во групацијата BMW останува и оваа традиција: Масовно освежување на понудата од модели во пресрет на летото. Минхен утрово го претстави новото моделско годиште на сериите 5 и 6, најави плагин-хибрид за X2, а сега доаѓа вест дека еден популарен модел на Mini исто така ќе вози освежен – Mini Countryman, редакцискиот миленик во раната фаза на електромобилноста во Македонија, по ланската еко-авантура на струја до сите излетнички места околу Скопје.

Испораките на овој „мини-макси“ ќе стартуваат во јули, кога Countryman ќе се појави со неколку благи промени во изгледот, со нови каросериски бои, нови дизајни на бандажите и нови материјали во внатрешноста, како и со збогатено ниво на опременост. На вкупно десетте моделски изведби, во ноември ќе им се придружи и основниот модел Mini One Countryman, со 1,5-литарскиот мотор од серијата 1 на BMW со 102 КС. На германскиот пазар, цената на оваа изведба изнесува 26.600 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новиот Countryman се препознава по диодните светла, кои сега се стандард, како и по задните светла со светлечка шема во стил на британското знаме. Во кокпитот пречекуваат дигитални инструменти, по пример на електричниот Mini Cooper SE, како и спортски волан и нови функции на инфо-забавниот систем, кој се поврзува со мрежата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Под хаубата нема промени. Сите мотори сега работат според Euro 6d и повеќето се комбинирани со осумстепен автоматик. Дијапазонот на моќност досега од 102 КС на „One“ до 220 КС во плагин-хибридниот Cooper SE Countryman All4. Погонот на сите тркала и натаму му дава дополнителна вредност на моделот во споредба со конкуренцијата.

Кус преглед на промените во новото моделско годиште на MINI Countryman:

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сменет изглед на предниот дел со нова форма на маската.

Диодни светла и магленки како стандард.

Преработен заден дел со диодни светла со шема по пример на британското знаме.

Нови бои за каросеријата, нова опција пакет за каросериски детали во црна сјајна боја.

Нови бандажи.

Сите мотори исполнуваат Euro 6d.

Повеќе модели стандардно поседуваат 8-степен Steptronic.

Нов дигитален кокпит со опција за дисплеј од 5 инчи.

Нов централен инструмент во црна сјајна боја како опција.

Спортски кожен волан е сериски во сите изведби.

Нова понуда од кожени пакети и дизајни за внатрешноста.

Нова варијанта на MINI Yours Interior Style.

MINI Connected со нови функции.

Збогатена понуда од прибор на MINI.

View this post on Instagram

While we still can’t wait to travel together, the wait is almost over… ⁠ ⁠ Introducing the new MINI Countryman – a refreshed way to add inspiration to your life. ⁠ ⁠ #MINI #Countryman #MINICountryman #AddInspiration #TheMINIThings #Crossover #Compact ⁠ ⁠ __⁠ MINI Cooper S Countryman All4: Fuel Consumption combined: 6.5 – 6.2 l/100 km, CO2 Emission combined: 149 – 142 g/km. The values shown for fuel consumption and CO2 emissions are calculated in accordance with the measurement method prescribed in the European Regulation (EC) 715/2007 in the version applicable at the time of approval. The ranges shown take into consideration the differences in the wheel and tyres sizes selected. The values are already based on the new WLTP test cycle and have been translated back into NEDC-equivalent values for the purpose of comparison. For these models, different values to those shown here apply when calculating taxes and other vehicle-related duties that (also) focus on the CO2 emissions. Depending on the environmental conditions, a temporary peak of the combustion engine power is provided, which can be approx. 10% above the rated power. The duration of the peak performance increases with falling ambient temperature (approx. 5 s at + 25 ° C, approx. 40 s at -20 ° C). For further information about the official fuel consumption and the specific CO2 emission of new passenger cars can be taken out of the “handbook of fuel consumption, the CO2 emission and power consumption of new passenger cars“, which is available at all selling points and at https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html.⁠

A post shared by MINI (@mini) on

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
19 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *