151
20 shares, 151 points

Има ли доволно енергија во батеријата на Mini Cooper SE, да издржи пат од Минхен до зимски центар на австриските Алпи, со едно полнење? Предизвикот е во ниските температури, кога капацитетот на батеријата опаѓа, исто како и во искачувањето по нагорнина.

Планината повикува, а особено во зима. Кој имал можност да се движи кон Минхен пред и по викенд за време на скијачката сезона, сигурно ги помни сцените со многубројните автомобили, со скии на покрив, како се упатуваат кон Алпите или заминуваат оттаму. За да докаже дека електричниот Mini Cooper SE без проблем може да го издржи патувањето до еден од бројните скијачки центри во регионот, без грижа околу батеријата, Mini сам се впушти во овој „потфат“. Своевидна предводница за тоа што ќе го практикуваат идните возачи на првиот големосериски Mini на струја.

Како одредиште беше избран прочуениот Золден во Австрија. На висина од 1.350 метри, покрај два глечери и точно во срцето на тиролскиот Ецтал, таму гарантирано има наврнато снег уште пред крајот на есента. Растојанието од „четирицилиндарницата“ на BMW во Минхен до Золден изнесува точно 200 километри, како што ќе покаже и навигацискиот систем што е стандардна опрема во електричното Mini со моќност од 184 КС.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Според фабрика, досегот на MINI Cooper SE се движи меѓу 235 и 270 километри. Возачот може да избере посебна програма Green, кога чувствителноста на педалот за „гас“ е соодветно модулирана со цел да се заштеди енергија. Дополнително постои програма Green+, кога се исклучува греењето заради смалување на потрошувачката и продолжување на досегот. Во случајов нема потреба од тоа.

Топлинска пумпа ја користи топлината од електромоторот, батеријата и трансформаторот за греење на кабината

Електричното Mini стандардно е опремено со 2-зонска автоматска клима, а за греењето се грижи топлинска пумпа, што ја користи топлината од електромоторот, трансформаторот и од батеријата. Нејзината потрошувачка на струја е до 75% пониска во споредба со обично електрично греење. Бидејќи батериските модули се распоредени во средишниот тунел и во подот, не се менува зафатнината на багажникот: 211 до 731 литри.

Планинските патишта со остри свијоци се како создадени за погонот на струја, кој секогаш влече исто. За одличните возни својства дополнително придонесува и ниското тежиште, поради тешката батерија долу.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Групацијата BMW има долго искуство во развојот и произвцодството на високоволтни батерии. Во Mini Cooper SE се вградува најновата генерација батериски модули, со зголемена енергетска густина, со што се постигнува поголем капацитет при иста големина на батеријата. Гаранцијата изнесува осум години или 160.000 километри.

Mini пристига на одредиштето со доволно преостаната енергија во батеријата. Во времето додека се скија, Mini ќе биде приклучен на полнач. На обичен полнач, со моќност од 11 kW, батеријата ќе се наполни за три и пол часови. Доколку во планината беше достапен брз полнач од 50 kW, батеријата ќе се наполнеше за само час и половина.

Mini на струја извозе 200 km од Минхен до скијачките центри во Золден, заради доказ дека снегот и планината не се проблем за електричниот погон; Плус, нема гребење мраз од стаклата

Posted by Automedia.mk on Saturday, January 25, 2020

Во меѓувреме, екипата од Mini може преку мобилна апликација да провери како напредува полнењето, па дури може и да го вклучи греењето во кабината пред враќањето во Минхен. Тоа може да се одвива и автоматски, со поставување тајмер. Замаглени прозорци веднаш по седнувањето со влажна облека во кабината се табу.

Продажбата на Mini Cooper SE ќе стартува во март. Досега за моделот се регистрирани повеќе од 100.000 заинтересирани купувачи од цел свет. Цената во Германија изнесува 32.500 евра, не вклучувајќи ја субвенцијата од 4.000 евра, по чие вклучување се доаѓа до продажна цена од 27.740 евра.

Нашата летна авантура со плагин-хибридниот Mini Cooper S E Countryman 4All, со возење на струја до Матка, Катланово, цел круг по Водно, Маркова Река, Скопска Црна Гора

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *