164
21 shares, 164 points

Mini Cooper SE го извозе патот до своето салонско деби на ИАА во Франкфурт со само едно запирање за дополнување на батеријата. Првиот автомобил со погон на струја во 60-годишната историја на Mini, го извозе патот без ниту грам штетни гасови и речиси нечујно. Зад воланот беше директорката на проектот, Елена Едер, која на овој начин сакаше да докаже дека електромобилноста е веќе дел од секојдневието.

На поаѓање, навигацијата на Mini Cooper SE покажа точно 400 километри растојание меѓу централата на групациајта BMW во Минхен, до главниот влез во саемскиот простор во Франкфурт. Потребно беше само едно запирање за дополнување на батеријата, којашто е вградена во подот на возилото. Капацитетот на батеријата е доволен за 235 до 270 километри. Навигацијата го избра и најдоброто место за полнење на батеријата, на станица со брзи полначи покрај „аутобанот“ број 3.

По 35 минути, речиси испразнетата батерија достигна 80-процентна наполнетост. При патувањето не беше искористена крајната брзина од 150 километри на час, во интерес да се постигне подолг досег. Електромоторот со 135 kW, односно 184 КС, сепак немаше проблем да обезбеди пристојна динамика, па и да изведе неколку престигнувања по аутобанот.

Mini пристигна во халата број 11 на Франкфуртскиот Саем со доволно енергија во батеријата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *