164
21 shares, 164 points

За името е заслужен Сер Џеки Стјуарт, откако со судни маки извозе до победа на Нирбургринг во 1968 година. Новото електрично Mini поседува посебен зелен модус, кога компјутерите во автомобилот се грижат возењето на струја да биде колку може повеќе штедливо. Како за марка што не стравува од тркачки патеки, па е уште во групацијата на BMW, тим од Mini се упати да извози неколку брзи кругови на тркачката патека, во Зелениот Пекол.

Германците кажуваат дека тоа е „ди Нордшлајфе дес Нирбургрингс“ или „северниот јазол на Нирбургринг“. Секој автомобилски ентузијаст денес знае дека станува збор за 20,8-километарскиот тркачки курс, кого трикратниот Ф1-шампион Џеки Стјуарт своевремено го нарече „Зелениот Пекол“. Не треба многу објаснување за тоа. Патеката е фантастично тешка, а се наоѓа во густа шума.

По 43 години од последната трка за големата награда во конкуренција на автомобили, на маратонската патека редовно се пуштаат прототипи од нови моделски генерации, да покажат дали имаат некаков пропуст во екстремни услови на возење. Секој нов модел на Mini задолжително мора да се провери и дотера на „Ајфел“, како што уште е познат регионот околу патеката, пред да се пушти по салоните.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Истото важи и за новиот Mini Cooper SE, електричниот автомобил на култната британска марка со имиџ речиси колку на Rolls-Royce, третата марка во групацијата на BMW. Задачата на посебно делегираниот тим од Mini не беше да ловат нови рекорди на круг, туку да постигнат колку е можно пониска потрошувачка на струја. За тоа постои и посебен модус, „Green Mode“, во когошто со неколку дотерувања плус може да се вози без користење на сопирачките.

Возачот може во Mini Cooper SE сам да го избира степенот на рекуперација, односно степенот во којшто кинетичката енергија ќе се претвори во електрична енергија и истата ќе се акумулира во батеријата. Зависно од избираниот степен, електромоторот „произведува“ струја буквално при секое отпуштање на педалот за забрзување.

Тимот на Mini имаше посебен предизвик: Да ги мине прочуениот Карусел на Карачиола или десно-левата комбинација пред свијокот Штефан Белоф, колку може побрзо, а притоа ниту еднаш да не се користат сопирачките.

Во „зелениот модус“ на Mini Cooper SE, погонот реагира помалку директно и управувањето работи полесно. Дополнително може да се избере и модус „Green +“, при што се деактивира климата или греењето на седиштата, заради штедење енергија.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Степенот на рекуперација, што во основа се чувствува исто како моторно сопирање кај обичен погон, се избира со посебен прекинувач во средишната конзола. Во најсилниот степен, возачот може да го контролира возилото само преку педалот за забрзување. При отпуштање на педалот, Mini може да забавува поблаго или посилно, при што во посилниот степен следи и соодветно поголем интензитет на полнење на батеријата.

Со текот на време возачот се учи да владее со степените на рекуперација и соодветно да избере посилен модус, кога треба да потсопре повеќе пред одреден свијок. За фановите на техниката, конкретни податоци: При посилен степен на рекуперација, односно „моторно сопирање“, Cooper SE забавува со 0,19 g, додека при поблаг степен, забавувањето изнесува 0,11 g.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како изгледа возењето Mini на струја, во изведба со плагин-хибриден погон и во најголемото Mini, во кросоверот Countryman, може да прочитате во нашата репортажа.

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Mini Cooper SE ќе стартува со производство во британскиот Оксфорд во текот на следниот месец, а набрзо потоа почнуваат и испораките на светскиот пазар. Цената во Германија изнесува 32.500 евра.

Вака изгледа и функционира новиот „салон“ на Mini во Минхен


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *