164
21 shares, 164 points

Mini ги објави цените на Cooper SE за германскиот пазар, како еден од најголемите пазари за електричниот модел. Со масивните државни субвенции во висина од 4.000 евра се поттикнува интересот за електричниот погон, што е воедно и еден од најголемите „мотори“ на електромобилноста.

Mini ги става возачките и возачите пред сладок предизвик: Традиционален Cooper S со 192 КС по цена од 26.300 евра или сосем различен Cooper S, со доплата од околу 1.500 евра? Тоа се сумите што Mini ги објави денес во ценовникот за Cooper SE за германскиот пазар, за својот прв сериски модел со погон на струја. Таму се очекува и продажбата на трендовскиот модел да биде најголема, заедно со останатите „традиционални“ пазари за погонот на струја, Норвешка, Велика Британија и Холандија.

Редовната цена на Mini Cooper SE на германскиот пазар изнесува 32.500 евра, за основната изведба на моделот. Кога ќе се пресмета и субвенцијата од 4.000 евра, електричниот Mini доаѓа до цена од 27.740 евра. Разликата во цената од 1.440 евра ќе се отплати брзо, не само поради неколкукратно пониските оперативни трошоци, туку и цела низа привилегии во секојдневието.

Топлинска пумпа е дел од стандардната опрема и ја користи топлината од електромоторот и батеријата за греење на кабината

Како дел од групацијата BMW, Mini го нуди електромобилот на вториот домашен пазар во четири нивоа на опрема, Trim S, Trim M, Trim L и Trim XL. Од мини-марката секогаш се очекувало да биде креативна, па така и со ова означување на нивоата. Во сите нивоа, важи следното: Електромотор со 184 КС, батерија од 32,6 kWh, забрзување од место до темпо сто за 7,3 секунди и досег од 242 до 270 километри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Изгледот на надворешноста се раководи според Cooper S, вклучувајќи грбка на хаубата, но затоа има и неколку специфични детали за погонот, како Е-лого во хаубата и странични украси, исто така со голема буква Е во нив. Стандардната опрема опфаќа спортски седишта, кожа на воланот, пристап и стартување без клуч, алу-бандажи од 16 инчи, избор на 4 режими на возење (Sport, Mid, Green, Green+), посебен приказ во дисплејот, но и автоматски клима уред во 2 зони, навигација, диодна техника за сите функции на светлата, топлинска пумпа за греење на кабината и вештачки звук при брзина до 30 km/h.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *