за

Mini Cooper GoalCooper: Специјално издание за фудбаломаните

Одбројувањето во Бразил е во тек и љубителите се подготвуваат за најголемиот спортски настан на годината. Дресови и знамиња се продаваат на тони, а сега доаѓа и автомобилот за љубителите на фудбалот.

Специјалниот модел врз основа на MINI John Cooper Works Paceman ја поседува вистинската техника да ги издрибла противниците. Според британскиот производител, овој Mini е измислен да го предводи секој навивачки конвој. Каросеријата е лакирана во боите на бразилското знаме. Резултатот е 1:0 за Mini.

Фудбалот е присутен и во кабината. Патосниците изгледаат како вештачка трева, а светлечките диоди создаваат атмосфера како на стадион. Капата на внатрешниот ретровизор е изведена како шаховско знаме. За следење на решавачките сцени преку интернет стојат на располагање посебни држачи за паметен телефон, а во полувремето може да се игра на минијатурната фудбалска табла во средишната конзола.

„Бразилското“ издание на Mini ќе се најде и за деновите кога нема натпревари. Во тој случај се соборува задната клупа и се поставува мрежа директно зад предните седишта. MINI Paceman GoalCooper има добро извежбана одбранбена стратегија. Кога паркинг сензорите, заедно со сензорите на алармот за кабината ќе регистрираат удар кон голот, електромоторите автоматски го затвораат багажникот!

Ако некој успее да постигне гол, резулатот по 90 минутна игра им се соопшува на другите регистрирани корисници на мобилната апликација штое специјално развиена за MINI Paceman GoalCooper. На крајот на турнирот ќе се знае и светскиот шампион во Mini заедницата. Новата ѕвезда во тимот на Mini ќе биде претставена официјално на 1-ви април. Деталите за висината на премијата и за условите на договорот за игра дотогаш остануваат во строго чувана тајност. Значи, до 1-ви април.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Класата C на Mercedes за 75 евра – како моделче за колекционери

Fiat ќе произведува шест милиони автомобили во 2018 година