за

Mini со пет врати личи на … личи на … кинески Lifan!

Кутрите Кинези не можеа ниту да сонуваат дека еден ден ќе бидат чекор пред марката што ги инспирираше да го ископираат Mini. Овој сега доби пет врати, и како „новодојденец“, личи на Lifan 320

Среќата не ги следи секогаш храбрите. Корејскиот SsangYong пред долги години го пушти на улица првиот купе-теренец, но нивниот Actyon брзо бидна заборавен од светот кога BMW го претстави X6. Така и сега, Lifan 320 со години вози како копија на Mini со пет врати, но во неговата безначајност ништо нема да промени тоа што и оригиналниот Mini отсега ќе вози во нова моделска изведба со пет врати.

Како автомобил што треба да излезе во пресрет на семејните потреби од превоз, Mini со пет врати има подолго меѓуоскино растојание, поголема ширина и поголема висина од стандардната верзија со три врати. Новиот модел нема посебно име и се води само како Miniсо пет врати.

Во споредба со стандардниот Mini, меѓусокиното растојание е зголемено за 72 милиметри и изнесува 2.567 милиметри, од што најмногу профитираат патниците на задната клупа. За поголем простор се грижи и покривот што е за 11 милиметри повисоко и со посебната форма ослободува 15 милиметри повеќе простор над главата, додека ширината е зголемена за 61 милиметар, при непроменета ширина на каросеријата. Багажникот исто така порасна за 67 литри, на 278 литри.

Иако пропорциите на каросеријата се променија, Miniсо пет врати го следи класичниот дизајн на марката, со сите белези на верзијата со три врати, вклучувајќи ја можноста за изведување на покривот во контрастна боја. Вообичаено за каросериските изведби со пет врати, предните врати се покуси, за да остане повеќе простор за задните врати, а зад нив следува дополнителен страничен прозорец.

Техниката е целосно идентична со покусата верзија на Mini, исто како и опремата. Во почетокот Mini со пет врати ќе биде достапен со по два дизелски и бензински мотори. Во Cooperработи 1,5-литарски трицилиндарец со турбонатпоолнење и 136 КС, додека CooperS има турбо-дволирарец со 192 КС. CooperD вози со 1,5-литарски трицилиндарски дизел со 116 КС, CooperSDсо дволитарски дизел со 170 КС. Сите мотори се комбинирани со шестстепен мануелен менувач, а со доплата е достапен и автоматик со шест степени. Цените на новиот модел уште не се објавени.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Катастрофални резултати од краш тестот на автомобили за 16-годишници

Kia ќе го вози светското првенство во фудбал