за

Mini со најголем пораст на вредноста меѓу премиум марките

Во годишното истражување на Interbrand, марката Mini забележа најголем пораст на вредноста во премиум сегментот. Додека мајката BMW ја зголемила вредноста за 12 проценти во последната година, порастот кај Mini изнесува 18 проценти. Тоа доведе и до искачување за десет места меѓу највредните 100 марки во светот според Interbrand.

Во последното рангирање на најдобрите марки во светот на агенцијата Interbrand, британската марка Mini ја зголеми вредноста за 18 проценти. Ниту еден друг производител на автомобили во премиум сегментот не забележа поголем раст од Mini. Со вредност проценета на 4,9 милијарди американски долари, британската премиум марка се искачи за 10 позиции, на 88-то место.

Пред две години, Mini воопшто не се појавуваше меѓу стоте највредни марки во светот. Шефот Себастијан Макенсен го толкува успехот: „Марките растат кога се нуди нешто што ги усреќува луѓето, кога се излегува во пресрет на нивните потреби и страсти.“

Mini се поставува како марка што е дел од урбаната култура на живеење

Напредокот не би требало да изненадува. Во јуни годинава, Mini ја прикажа студијата Vision Next 100, како визија за иднината. Марката е присутна и надвор од автомобилскиот свет. Mini Fashion присуствуваше на салонот за машка мора Pitti Uomo, додека Mini Living дефилираше на салонот за мебел и дизајн во Милано. Кон крајот на годинава, во њујоршкиот кварт Бруклин ќе се отвори иновативен дизајнерски центар A/D/O, а се вложува и во Urban-X, во подршка на старт-ап проектите кои се во насока на подобрување на животот во градовите.

Во првите осум месеци од годинава, продажбата на Mini порасна за 5,7 проценти, на 223.913 возила. Најголем поттик за продажбата доаѓа од Mini Clubman, од најспортската варијанта Mini John Cooper Works Clubman и од Mini Cabrio.

Годишниот извештај „Best Global Brands“ се објавува по 17-ти пат од страна на глобалната маркетиншка агенција Interbrand. Во извештајот се утврдува како марките го одредуваат успехот на претпријатието. Процената се заснова врз финансискиот успех на производите што се дел од марката и од услужните дејности, како и од улогата на марката при изборот на купувачите. Просечниот раст на вредноста на 100-те највредни марки годинава изнесува 4,8 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СО2 аерозагадување

Шефот на Nissan: „Лошиот воздух е добар за возилата со погон на батерии“

Лимузинската изведба пристига во гамата на Renault Megane