174
22 shares, 174 points

Доколку не минувате повеќе од 40 километри на ден, теоретски е можно плагин-хибридниот Countryman постојано да се вози на струја. Полнењето на брз полнач трае 2:15 часа, на обичен приклучок еден час подолго. Countryman има уште едно лице, со 224 КС и 6,9 секунди до сто.

Британската марка имаше пресудна улога во воведувањето на електричниот погон во BMW. Повеќе од 600 примероци од Mini E, почнувајќи од 2008 година, ги собираа потребните искуства во секојдневно возење од приватни корисници, што неколку години подоцна резултираше со лансирање на серискиот модел BMW i3.

Електромоторот останува како погонска единица во Mini, но заедно со бензинец и со батерии со можност за полнење на обичен приклучок за струја. Штотуку претставената втора генерација на Countryman уште од старт е достапна во верзијата Cooper S E, како прв плагин-хибрид на Mini. Британците ветуваат досег до 40 километри само на струја, нормирана потрошувачка од 2,1 литри на сто километри и максимална брзина од 125 километри на час во електричен модус.

Распонот на можности е безграничен – од 40 km на струја до 224 КС и погон All4

Теоретски, хибридниот Mini може постојано да се вози „на батерии“, доколку дневната рута не преминува 40 километри, а крајната брзина во електричен модус дозволува и куса тура по автопат. Полнењето на батериите на брз полнач трае 2:15 часа, на обичен приклучок за струја еден час подолго. Кога електромоторот и бензинецот соработуват, на располагање стојат 224 КС и убедливо забрзување до сто за помалку од седум секунди.

Mini Cooper S E Countryman

Турбо-трицилиндарецот од 1,5 литар, веќе нашироко вградуван во повеќе моделски семејства во групацијата BMW, испорачува 136 КС до предните тркала преку модифициран менувач со двојна спојка со шест степени. Со 220 њутнметри обезбедени уште при 1.250 вртежи, бензинецот со директно впрскување на горивото нуди одлична основа за изведување на хибридниот погон.

Под подот на багажникот е второто срце на MINI Cooper S E Countryman ALL4. Електромотор со компактни димензии и оптимирана тежина ги снабдува задните тркала со моќност од 88 КС и вртежен момент од 165 њутнметри, преку двостепен менувач. Директно пред електромоторот се наоѓаат литиум-јонската батерија со капацитет од 7,6 киловатчасови, составена од 16 ќелии и од сопствено производство на групацијата.

За распределбата на „погонските задачи“ решава систем по пример на BMW i8

Контролната електроника на хибридниот погон се грижи двете погонски единици да соработуваат со цел да го обезбедат типичното динамично возење за Mini. Тоа меѓу другото подразбира и често препуштање електромоторот да се грижи за погонот во градски услови на возење, но и негова поддршка на бензинецот кога возачот ќе побара уште подинамично забрзување. Системската моќност изнесува 224 КС, додека комбинираниот вртежен момент досега до 385 њутнметри. Со таква спрега, хибридниот Countryman забрзува до сто за само 6,9 секунди.

Mini Cooper S E Countryman

Кога контролата на стабилноста ќе препознае опасност од пролизгување на тркалата, без разлика дали станува збор за лизгава подлога или динамично возење во свијоци, соодветно ја регулира соработката меѓу бензинецот и електромоторот за да произведе дополнителна тракција и стабилност. Интелигентната електроника потекнува од спортското купе со хибриден погон BMW i8, со таа разлика што кај него е обратна конфигурацијата – електромотор за погон на предните тркала, бензинец за задните.

Возачот добива на располагање три режими на возење, преку прстенот во основата на рачката на менувачот:

  • AUTO eDRIVE како чисто електричен модус до 80 km/h, со вклучување на бензинецот при повисока брзина, посилно забрзување или кога наполнетоста на батериите ќе падне под 7 проценти;
  • MAX eDRIVE, исто така електричен модус, но до 125 km/h, со активирање на бензинецот при повисока брзина и при силно забрзување;
  • SAVE BATTERY, кога работи само бензинецот и дел од енергијата се користи за полнење на батериите преку стартер-генераторот, односно нивната наполнетост се одржува над 90 проценти, што е корисно во случај кога се вози по автопат до градот, кадешто потоа може да се вози само на струја.

Доколку возилото е опремено со навигација, погонскиот систем дополнително ја зема во предвид и конфигурацијата на теренот и соодветно ја регулира работата на обете погонски единици, со тоа што почесто му дава предност на електромоторот, да овозможи поштедливо возење.

Mini Cooper S E Countryman

Зафатнината на багажникот е намалена поради компонентите од eDrive, додека резервоарот за гориво собира само 35 литри, но во поглед на функционалноста и просторноста на просторот за патници нема отстапувања во споредба со стандардниот Countryman.

Богата сериска опременост, меѓу другото и Mini Driving Modes

Разликите во надворешноста се сведуваат на приклучокот за полнење кој се наоѓа во декоративниот елемент во левото крило, заедно со беџот „е“, како и жолтото „S“ во моделската ознака назад, на маската и на праговите. Копчето за старт-стоп во кокпитот е во жолта боја, во инструментите дополнително се наоѓа покажувач на моќноста.

MINI Cooper S E Countryman ALL4 стандардно се испорачува со радио Mini Visual Boost, со дисплеј од 6,5 инчи во централниот инструмент. На дисплејот се прикажуваат Mini Country Timer, наполнетоста на батеријата и информации за избраниот работен модус на хибридниот погон. Во комбинација со опционалниот систем за навигација, следуваат дисплеј од 8,8 инчи на допир и исто така контролер на допир во средишната конзола. Во хибридниот Countryman стандардно следува и Mini Driving Modes, за избор на спортска или штедлива работа на погонската спрега и подвозјето, независно од избраниот работен модус на хибридниот погон.


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Mini Cooper S E Countryman

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
22 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743