171
23 shares, 171 points

Бројот на електрични автомобили во светот продолжува да се зголемува рапидно. Со вкупно 1,2 милион примероци, продажбата на електрични автомобили лани за првпат ја надмина милионската вредност. Само во Кина се регистрирани над 600.000 автомобили на струја или за 72 проценти повеќе отколку една година порано.

Кина ја зголемува својата предност во електромобилноста. Со преку 600.000 продадени електрични автомобили (+72%), лани речиси секој втор автомобил со погон на струја бил регистриран во големата азиска земја. Во светски рамки, бројот на регистрирани електромобили за првпат ја надмина милионската вредност, или поточно, ја „претрка“ оваа звучна граница, со 1,2 милион автомобили на струја.

Порастот во продажбата на електрични автомобили во Европа и САД е далеку помал од порастот на кинескиот пазар

Втор најголем пазар е Европа со 306.000 регистрирани возила (+39%), трети се САД со 200.000 нови електрични автомобили (+27%). Лидер меѓу европските држави и натаму е Норвешка, но на второто место сега се најде Германија, кадешто продажбата на електрични автомобили се зголемила двојно, со 58.000 возила. Кина е во голема предност и во производството на електрични автомобили, со 41% удел во светската продукција. Следат Јапонија со 19% и Германија со 18%.

Светски лидери во електрични автомобили во поглед на продажбата и производството

milion elektricni avtomobili 1

Пробивот на електричниот погон се одвива со различен интензитет од регион до регион, па дури и од град до град. Многу фактори влијаат врз поттикнувањето на продажбата, почнувајќи од државни субвенции, до локални привилегии од типот на бесплатно паркирање или слободен пристап во центарот на градот. Бројноста и достапноста на полначите за струја, исто така влијае.

Купувачите се патриоти во поглед на електричниот погон. Петте најпродавани е-возила во Кина потекнуваат од локални производители, во Германија четири од петте топ-модели на струја се од германска марка, исто колку и во САД

Кина е неприкосновен светски лидер и во поглед на субвенционирањето. Државата во просек покрива околу 40% од продажната цена на електричните автомобили. За споредба, оваа стапка е двојно пониска во Германија. Во меѓувреме, кинеските возачи имаат избор од околу 100 различни електрични возила, вклучувајќи марки и модели што се апсолутно непознати надвор од земјата.

Графички приказ на соодносот меѓу продажбата и производството

milion elektricni avtomobili 2

Во Европа, половина од електричните автомобили се плагин-хибриди. Тоа е значително поголем удел отколку во Кина. Во следните две години се очекува на светскиот пазар да се појават близу 250 нови електрични модели, вклучувајќи и плагин-хибриди. До 2020 година, Германија ќе има иста продукција како Кина, со околу 1,3 милион електрични автомобили.

Зошто скапите автомобили со моќни мотори се добри за електромобилноста

Honda стартува со нарачки за електричниот Urban EV в година

Една година чекање за испорака на електричен автомобил

Топ 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
23 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730