за

Мајк Бруер со нова книга: Водич за олдтајмери од „Wheeler Dealer“

Mike Brewer classic car legends
Mike Brewer classic car legends

Мајк Бруер, познат на пошироката публика од емисијата „Трговци со автомобили“ (Wheeler Dealers) на Дискавери, издаде нова книга. Насловена „Ultimate Guide to Classic Cars“, овој англиски ентузијаст за автомобили им ја посветува новата книга на олдтајмерите.

На 116-страници, Мајк објавува совети, носталгични моменти и вредни совети, заедно со неговите омилени автомобили на сите времиња, совети за идни олдтајмери, анегдоти и тестови на најценетите историски автомобили на сцената.

Во книгата дополнително се поместени и сцени од зад затворени врати во гаражите со историски автомобили на самите производители. Тоа што сцената најмногу го цени кај Мајк Бруер секако се неговите совети за купување, продажба и одржување на олдтајмер, почнувајќи од Mini Morris до чистокрвен Ferrari. Во неговата лична колекција се наоѓаат Mini Cooper и Citroen SM,

Цената на овој бук-магазин изнесува 6,99 фунти. За рани нарачки преку неговата интернет страница, познатиот автомобилски ентузијаст нуди попуст од две фунти https://mikebrewermotoring.com/product-category/bookazines/

Ова е трета книга на Мајк бруер, по „Ultimate Guide to Used Cars“ and „Ultimate Guide to Supercars“, кои исто така може да се нарачаат преку интернет страницата.

Мајк Бруер издаде водич за користени автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes eactros

Електричниот eActros по една година на тест кај големите компании

Њу Делхи се задушува во смог, автомобилите возат чифт-тек

Њу Делхи се задушува во смог, автомобилите возат чифт-тек