за

Мик Шумахер отвори онлајн-продавница

Мик Шумахер отвори онлајн-продавница
Мик Шумахер отвори онлајн-продавница

Синот на Михаел Шумахер, на добар пат да го наследи успехот на својот татко во Формула 1, од денес има онлајн-продавница за своите фанови.

Мик одлично ги следи стапките на својот легендарен татко, Михаел, и веќе стекна име во своето напредување по патот до формула 1. Германскиот возачки талент на 21-годишна возраст ја започнува својата втора сезона во Формула 2 со тимот на Prema Racing, како дел од возачката академија на Ferrari (FDA). Следната цел е седнување зад воланот на болид во формула 1.

Сцената исто така го почитува младиот возач со гени на седумкратен светски првак во кралицата на мотоспортот. Компанијата MBA-Sport, којашто е специјалист за менаџирање во подрачјето на мотоспортот, денес ја пушти официјалната онлајн продавница на Мик Шумахер, до којашто се пристапува преку врската www.mickschumachershop.com. На тој начин се излегува во пресрет на фановите, кои веќе подолго време бараат автограми и предмети што се поврзуваат со името на нивниот идол.

Мик веќе ги комплетираше тестовите за Ф1 во болидите на Ferrari и Alfa Romeo во 2019 година, исто како и демо-возње во Benetton B194 на својот татко, во Спа во 2017 година, како и во Ferrari F2004, лани на Хокенхајм.

Овие моменти се овековечени со производи од колекцијата на Мик, кој по овој повод изјави: „Среќен сум што можам да го претставам mickschumachershop.com како дел од нашето заедничко патешествие во мотоспортот. Голема чест е тоа што имам нова платформа за целата моја колекција, којашто го прикажува мојот досегашен пат во мотоспортот. Им благодарам на сите што дадоа придонес и го очекувам следното заедничко поглавје.“

Корисни линкови за Мик Шумахер:

Online Shop: https://www.mickschumachershop.com/

Official Website: https://www.mickschumacher.ms/

Facebook: https://www.facebook.com/mickschumacherofficial/

Instagram: https://www.instagram.com/mickschumacher/

Twitter: https://twitter.com/SchumacherMick

Paddock Legends: https://www.paddock-legends.com/en/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E

Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E

emco NOVA R 3000

Електро-веспа со италијански стил и произведена во Кина