за

Водениот млаз ги оштетува гумите – при помалку од 30 сантиметри

миење гуми под висок притисок

Специјалистот за опрема за чистење Karcher спроведе истражување, дали автомобилските гуми навистина се оштетуваат од воден млаз под висок притисок. Резултатите се смирувачки: Млазот вода што го произведува компресорот не претставува закана за автомобилските гуми, но само под одредени услови. Доколку се постапува правилно и доколку се внимава растојанието од гумата да изнесува најмалку 30 сантиметри

Експертите на познатата марка Karcher зедоа проби од неколку тестирања во различни услови, за точно да се утврди влијанието на одделните фактори. Тоа што е апсолутно забрането е користење на точкести и ротирачки дизни од подрачјето на опрема за индустриска примена.

миење гуми под висок притисок 2

Во кругот на познавачи досега честопати се дебатирало околу штетноста на водениот млаз под висок притисок за автомобилските гуми, но сега има и релевантни резултати. Доколку се внимава да се одржува растојание од најмалку 30 сантиметри, нема штета врз гумите. При студијата се земени проби од тестирање со различни дизни, притисок на вода, растојанија и временски интервали.

Искуствата на повеќето возачи од нашите сервиси за миење возила укажуваат на неопходност од аларм, по последниве резултати од тестирањето на Karcher. Безбедното најмало растојание од 30 сантиметри од површината на гумата се почитува ретко, а најверојатно никогаш

Експертите на германскиот специјалист препорачуваат за миење возила и гуми да се користи исклучиво дизна за тенок млаз. Овој вид дизни спаѓа во обемот на испорака со речиси сите компресори за миење под висок притисок. Уредите во автопералните, сервисните работилници, автокуќите и станиците за точење гориво обично се опремени со ваков вид дизни, коишто ја распрскуваат водата во широк млаз.

Наспроти тоа, апсолутно е забрането користење на ротациски или точкести дизни, коишто се наменети за отстранување нечистотија од камени површини. Овие дизни речиси сигурно ги оштетуваат гумите и поради тоа не смеат да се користат за миење возила и гуми.

Како беше спроведено тестирањето?

Се тестираше со различни форми на дизни: Една точкеста дизна и две дизни за тенок млаз, со агол на прскање од 15 степени и со агол од 25 степени, којшто е вообичаен кај повеќето компресори за миење. Се проверуваше како растојанието и времетраењето дејствуваат врз гумата.
Притисокот на вода во сите случаи изнесуваше 60 бари, што е стандард во автопералните, односно 161 бари, кои се вообичаени кај квалитетните компресори за миење за домашна употреба. Со дизната за тенок млаз и агол од 25 степени, при растојание од 25 сантиметри од површината на гумата и при времетраење од пет минути, не беа утврдени оштетувања кај гумите.

Препорака за возачите

Препорака е при оставањето на возилото на миење, на вработените да им се укаже да внимаваат да го одржуваат минималното растојание од 30 сантиметри од површината на гумите. Автопералните сепак треба да внимаваат на препораките од производителите на опрема и да го спроведат овој дел од обуката на своите вработени.

Michelin бара да се тестираат и истрошени гуми

Прашината од автомобилските гуми под лупа на еколозите

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 T (2017 година)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford GT dve godini plus

Ford GT доби уште две години производство

Tesla Model 3 poevtina izvedba

Tesla планира поевтина изведба на Model 3