за

Micra е првиот модел на Nissan произведен во фабрика на Renault

nissan micra flins

Во фабриката на Renault во Флинс започна производството на новата генерација на Nissan Micra. Испораката на моделот на клучните пазари во Европа ќе стартува напролет. Новата Micra е прв патнички автомобил на Nissan што се произведува во фабриката на партнерот од алијансата Renault. Покрај Micra, од погоните во Флинс излегуваат уште Renault Clio и електричниот Zoe.

Со седум милиони примероци продадени на глобално ниво и присуство на европскиот пазар уште од 1983 година, Micra е едно од најпрепознатливите моделски имиња на Nissan. Петтата генерација на моделот штотуку започна да се произведува во Франција, како прв патнички автомобил на Nissan што излегува од погоните на партнерот Renault.

До пред седум години, Micra се произведуваше во сопствената фабрика на јапонската марка во Велика Британија, од кадешто моментно пристигаат кросоверите Qashqai и Juke, микрованот во заминување Note и електричниот Leaf. Литиум-јонските батерии за електричните возила на Nissan исто така се произведуваат во британскиот Сандерленд.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Yaris во спортска верзија пристига на салонот во Женева

Овие пет аждери ја чекаат спортската изведба на Toyota Yaris