за

Michelin бара да се тестираат и истрошени гуми

Michelin тестирање истрошени гуми 6

Michelin воведува нова политика којашто е крајно невобичаена за еден производител на гуми. Французите препорачуваат возачите да ги заменуваат гумите многу подоцна од вообичаено. Тоа секако важи за сопствените модели на гуми, кои се развиваат за подолго да ги задржат добрите возни својства. Michelin очекува дека клиентите ќе ја препознаат оваа предност при изборот на марката

Кога производителите испраќаат покана за тестирање пневматици, обично се претставува нов модел на пневматици, кои се црни и стари се само неколку недели, имаат длабок профил и располагаат со најнови технологии, коишто на пневматиците им обезбедуваат прво место на споредбените тестови. Но, досега не се случило производител да покани на тестирање на истрошени пневматици. Во овие времиња кога купувачите се освестуваат сé повеќе и се напуштаат старите навики и заблуди, Michelin бара од конкуренцијата и од клиентите да ги сменат гледиштата кога станува збор за истрошените гуми.

Michelin тестирање истрошени гуми 5
Квалитетна гума дури и кога е истрошена сопира подобро од нова гума од евтина марка

Тери Гатис, шеф на развојот кај светскиот број 2 во браншата, смета дека „актуелните тестови се незадоволителни, затоа што се тестираат само нови гуми.“ Поради тоа, Michelin бара да се тестираат и квалитетите на гумите на подолг рок. Со зголемувањето на километражата се менуваат и својствата на пневматиците.

Доколку гумите (квалитетните) се заменуваат кога профилот ќе достигне 1,6 милиметар место при три милиметри, европските возачи ќе заштедат 6,9 милијарди евра за замена на 126 милиони гуми

Голем дел од возачите ги заменуваат гумите кога длабочината на профилот ќе достигне три милиметри. Според нормата којашто има глобална важност, гумите треба да се заменат кога длабочината ќе достигне 1,6 милиметар. Предвремената замена, според Michelin, предизвикува непотребна емисија на 6,6 милиони тони СО2 само во Европа. Секако дека е проблем и тоа што возачите непотребно трошат 6,9 милијарди евра за предвремена замена на 126 милиони гуми.

Michelin тестирање истрошени гуми 4
Големите тестови на гуми (АДАК, Ауто Билд) се вршат со нови пневматици, меѓутоа возачите од нив не можат доволно да заклучат како ќе се однесува одреден модел на гума блиску пред границата на истрошеност

Како што се зголемува километражата на гумите, така се менуваат и својствата. Во некој критериуми, гуми со полуистрошен профил имаат дури и подобри својства отколку нови гуми со длабочина на профил од 8 милиметри. Истрошена гума на сув пат постигнува подобар контакт со подлогата и има покус пат на сопирање од нова гума, а бучавата е намалена.

Целта на Michelin е на тестовите да се оценува и промената на возните својства при напредна истрошеност на гумите

Различна е ситуацијата кога станува збор за влажен пат. Во тој случај, гумите со истрошен профил имаат послаби својства при сопирање. Институтот за тестирање на Michelin сака да воведе промени во ова подрачје. Целта на производителот е да се применуваат единствени стандарди, според коишто ќе се тестира и ќе може да се споредуваат својствата кога гумите имаат поминато многу километри.

Michelin предлага да се користи тест-методата R-117, којашто е утврдена од европската организација на проценители за пневматици и бандажи. Сето тоа е во корист на возачите, коишто ќе имаат претстава како се менуваат својствата кај одреден модел на пневматици по одреден број километри. R-117 ги одредува условите за тестирање на влажна подлога. Се тестира како гумите реагираат при слој вода со дебелина од еден милиметар.

Michelin тестирање истрошени гуми 2
Потиснување на водата кај нова гума

Michelin тестирање истрошени гуми 1
Потиснување на водата кај истрошена гума

Три фактори решаваат како ќе се менуваат својствата на гумата со текот на стареењето, односно трошењето: Мешавината на гумата, дизајнот на профилот и газечката површина на гумата. Некои производители сепак посветуваат помалку внимание на безбедноста и на возните својства на своите автомобилски пневматици.

При тестирањето на патека во близина на Виена, на влажна подлога и од брзина од 80 km/h, гуми од квалитетна марка со истрошен профил постигнуваат пат на сопирање од 44,7 метри. Наспроти тоа, гуми од поевтина марка во истите услови сопираат дури 20 метри подалеку.

Стратезите во Michelin сметаат дека возачите ќе ја препознаат предноста на продолжената „трајност“ на возните својства и ќе се решаваат за нивните гуми наспроти конкурентските

За својствата при сопирање на влажна подлога најмногу влијае профилот на гумата. Michelin користи таканаречени ламели во форма на капка дожд, коишто се прошируваат навнатре во профилот. Целта е на тој начин да се постигне ист степен на одведување на водата во текот на целиот век на гумата.

Стратегијата на францускиот концерн збунува, затоа што главен интерес на еден гигант во производството на пневматици е да продаде колку може повеќе гуми. Бидејќи Michelin ги развива своите гуми да траат подолго и ги советува своите клиенти да возат подолго, тоа значи дека ќе се намали продажбата на гуми од компанијата.

Michelin тестирање истрошени гуми 3

Но, тоа е моментот кога купувачите стекнуваат доверба во една марка и стануваат верни кон неа. Michelin ја имаше истата ситуација кога стартуваше со продажба на првите радијални гуми. Во почетокот имало намалување на продажбата, но потоа следело неколкукратно зголемување.

Во случајов, пневматиците на Michelin имаат предност, којашто купувачите ја согледуваат и ги избираат гумите на Французите пред гумите од конкуренцијата. Стратезите на марката сметаат дека купувачите ќе станат свесни за разликата меѓу гумите на Michelin и евтините гуми, што на крајот би водело кон исчезнување на вториве од продавниците за автомобилски гуми.

Уште една предност истакнува претседателот на светската автомобилска федерација Жан Тод: „растечката понуда од производи со долга трајност ќе придонесе да се зачуваат суровините, но и парите на потрошувачите.“

На производителите некогаш треба да им се верува кога прикажуваат чесност.

Прашината од автомобилските гуми под лупа на еколозите

Тест на летни гуми на АДАК: Обичните марки на исто ниво со премиум гумите

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 T

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scania Interlink MD LNG

Првиот туристички автобус со погон на метан доаѓа од Scania

bicar pretpremiera, електричен трицикл

Швајцарци ќе произведуваат електричен трицикл за низ град