165
21 shares, 165 points

Oдличен пример за тоа колку е важна улогата на државата во поттикнувањето на електричниот погон доаѓа од Велика Британија. Со владина субвенција од 3.500 фунти и фабрички попуст во истиот износ, електричниот кросовер на MG беше достапен во 1.000 примероци по специјална цена од 21.495 евра, односно 23.600 евра. Оваа погодност Британците ја исцрпија за само две недели.

MG ги урна сите рекорди откако ја исцрпи квотата од 1.000 примероци од електричниот кросовер ZS EV, со специјален попуст во висина од седум илјади фунти, за одвај две седмици. Нарачките стартуваа на 17-ти јули, по што следеше вистинска навалица да се искористи екстра попустот. Со цена од 21.495 фунти, односно 23.600 евра, кросоверот од компакт класата чини исто колку неговите конкуренти со обичен погон – земајќи предвид дека моделот поседува и исклучително богата опрема.

Широкоградиот попуст од 7.000 фунти е постигнат со редовните 3.500 фунти што државата им ги „плаќа“ на купувачите на електрични возила, додека преостанатиот износ беше посебен фабрички попуст. Поради огромниот интерес, MG реши да го задржи фабричкиот попуст и за следните 1.000 примероци, што значи дека и нивните купувачи ќе го добијат возилото по цена од 21.495 фунти. Привилегија на тие што реагираа први ќе биде тоа што заедно со возилото им следува и ѕиден полнач, на когошто полнењето ќе биде побрзо отколку со користење на сопствениот полнач во возилото.

Возилата ќе пристигнат кај сопствениците во текот на септември. Производството е во Кина, кадешто воедно се наоѓа и компанијата SAIC, која ги купи фабриката и правата на историската марка во 2005 година, по распадот на MG Rover. Батериите се од сопствено производство, со капацитет за 300.000 единици годишно.

Технички податоци · MG ZS EV

Моќност 143 КС, вртежен момент 353 Nm, батерија 44,5 kWh, времетраење на полнење (7kW) 7 часови; на 50 kW CCS (до 80%) за 40 min, должина 4314 mm, ширина 1809 mm, висина 1620 mm, меѓуоскино растојание 2579 mm, круг на вртење 11,2 m, празно возило 1502 kg, дозволена тежина 1966 kg, гуми 215/50 R 17, забрзување 0-100 km/h за 8,5 s, крајна брзина 140 km/h (ограничена), досег 262 km (WLTP), потрошувачка во град 12,8 kWh/100 km, гаранција на батерија 7 години/125.000 километри


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
21 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *