147
28 shares, 147 points

Продажбата на автомобили кои користат алтернативни погонски горива се зголемил за 60 проценти во првото тромесечје. Тоа е резултат од недовербата во иднината на дизелот. Токму Volkswagen е најмногу заслужен за новиот тренд

Некои се решаваат за електричниот погон, други веруваат во автомобилите што сами управуваат, а некои купувачи сепак повеќе го сакаат провереното и докажаното. Во првите три месеци од годинава, продажбата на автомобили со погон на метан на европскиот пазар се зголемила за 60 проценти. Тоа во голем дел се должи на недовербата што овие купувачи ја имаат за иднината на дизелот, односно тоа се возачи што избираат рационално и не сакаат да бидат непријатно изненадени од евентуалните нови ограничувања на сообраќајот за возила со дизел мотор.

Дури и Volkswagen е изненаден од огромниот интерес за метанот

Не е изненадување тоа што Volkswagen има најголема заслуга за новиот тренд во продажбата на возила на метан. Германскиот концерн во последниве неколку години става голем акцент на своите модели со погон на ова чисто и поевтино гориво. Првото место на италијанскиот пазар, најголем пазар за CNG во Европа, сега исто така му припаѓа на VW. Во меѓувреме е прекината продажбата на бестселерот Golf TGI во Италија: Volkswagen одвај го покрива големиот интерес на пазарот. Купувачите можат да се решат за поскапиот Audi A3 g-tron, но мора да чекаат осум месеци за испорака.

ЈСП автобус метан шилегов мерцедес
ЈСП тестира автобус со погон на метан во реални услови

Меѓу јануари и март на европскиот пазар се продале околу 19.500 автомобили со погон на метан. Најпродаван е Volkswagen Golf TGI со 4.519 возила, а неговата техника работи и во двата модела што го следат, Skoda Octavia со 2.785 примероци и Seat Leon со 2.012 примероци. Нивната продажба се зголемила за повеќе од двапати во споредба со првото тромесечје лани. Меѓу десетте најпродавани модели со погон на метан, само два не се од VW. Fiat Panda е на четврто место со 1.645 примероци, Punto е осми со 842 примероци.

Италија останува доминантен европски пазар за метанот и автогасот, со ланска продажба од 32.743 автомобили на CNG, односно 129.042 автомобили на пробан бутан. Во цела Европа лани се продале близу 50.000 автомобили на CNG и 154.000 на автогас. Но, интересот сега расте и во останатите земји.

Уделот на метанот сепак е незначителен, со само половина процент учество во европската продажба. Повеќе се продаваат плагин хибриди и електрични автомобили. Автогасот „води“, со удел од околу еден процент.

Пазарните аналитичари предвидуваат напредок кај погонот на метан во следните неколку години, но уделот и натаму останува под еден процент

Посериозна понуда од модели со погон на метан имаат единствено Volkwagen и Fiat. Италијанската марка нуди CNG-варијанти од Panda, Punto, 500L и доставниот Qubo. Францускиот Renault е повеќе присутен на пазарот на модели на автогас, главно преку марката Dacia, којашто е меѓу водечките марки во овој сектор. Opel долго време нуди модели со погон на метан и автогас, но тие веројатно ќе исчезнат откако Astra и Zafira ќе влезат во новите генерации, со техниката од новиот сопственик PSA.

Mercedes повеќе не го нуди метанот во B-Class, поради намалениот интерес. Но, алтернативното погонско гориво останува кај товарните возила, кадешто неговата популарност е нечепната. Наспроти тоа, Јапонците и Корејците веруваат дека инвестицијата во овој вид погон не се исплатува.

Метанот нуди предности во цената и чистото согорување, но има и недостатоци

Тоа што го спречува големиот пробив на метанот е недоволната мрежа од станици кои го точат горивото. Предностите се познати: Пониска емисија на СО2, драстично смалена количина на азотни оксиди и неразградливи честички. Уште една голема предност на метанот е во тоа што може да се добива од биомаса од земјодејството, како и од агроиндустриски и домашен отпад.

iveco stralis x-way np метан
Кај товарните возила има огромни поместувања во правец на алтернативните погонски горива

Најголемиот дел купувачи сепак се решаваа поради пониската цена на горивото. Но, ниското ниво на цените на нафтата во последните неколку години буквално го преполовија интересот за CNG и LPG. Како пример, продажбата на автомобили со погон на метан во Италија се смалила од 72.364 примероци во 2014 година, на 32.745 примероци лани.

Во меѓувреме и домашниот Макпетрол вложува во мрежата од станици за точење метан. На четирите јавно достапни станици за точење метан наскоро ќе им се придружат нови. Тие не грешат.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
28 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743