156
20 shares, 156 points

Гласовите од читателите на специјализираниот магазин за олдтајмери „Auto Bild Klassik“ му донесоа на Mercedes победа во четири категории. Славната серија W 126 од 1979 година победи меѓу лимузините, R 129 е најдобар меѓу родстерите и кабриолетите, додека вечната G-Class триумфираше меѓу теренците. Четвртата победа е за 300 SL од 1954 година, кој долги години бил „сокриен“ во Флорида.

Во изборот под оригиналното име „Goldenen Klassiker“ или Златен Класичар, годинава учествуваа 100 кандидати во дванаесет категории. За победниците решаваат гласовите од читателите на влијателниот магазин за олдтајмери на групацијата „Auto Bild“. Изборот ја одбележа и својата прва деценија постоење.

Mercedes доминираше во изборот со моделските серии што одбележуваат јубилеј годинава, со три победи: S-Class од серијата W 126 (30 години) победи меѓу лимузините, R 129 (20 години) меѓу родстерите и кабриолетите, додека кај теренците беше најубедлив G-Class (40 години). Во музејот на марката во Штутгарт моментно има изложба посветена на четирите децении на овој класичар.

Во категоријата на „откритие на годината“, читателите го избраа легендарниот 300 SL, кој беше откриен во оригиналната состојба на Флорида. Автомобилот привлече многу внимание на собирот на олдтајмери на островот Амелија во почетокот на март. Примерокот со број на шасија 43 потекнува од 1954 година и пред крајот на годината бил испорачан за Мајами. Во 1960-те години се подготвувало нанесување нов лак, но тоа не се случило. Потоа овој скапоцен автомобил мирувал во гаража до 2016 година, до неговото откривање. Во меѓувреме, 300 SL доби нов сопственик, веднаш по изложувањето на автомонилот на Техно Класика 2019 во Есен.

Победиците во изборот за „Златен Класичар“ за 2019 година во сите дванаесет категории:

Малечки автомобили и компакти: Citroën 2CV (1949)

Лимузини: Mercedes-Benz S-Class од серијата 126 (1979)

Спортски автомобили и купеа: VW-Porsche 914 (1969)

Кабриолети и родстери: Mercedes-Benz SL од серијата R 129 (1989)

Теренци: Mercedes-Benz G-Class од серијата W 460 (1979)

Класичар на иднината – Технологија: Land Rover – ClearSight Ground View

Класичар на иднината – Возачко уживање: Porsche 911 Turbo (992)

Класичар на иднината – Дизајн: Porsche 911 Speedster (991)

Иновација на годината: Работна заедница за историски возила

Откритие на годината: Mercedes-Benz 300 SL „Gullwing“ од серијата W 198

Реставрација на годината: Porsche 917-001, Porsche AG

Личности на годината: Тино Ертел и Томас Турнвалд

Лево на сликата е „Откритието на годината“, Mercedes 300 SL од 1954 година, кој се вози десетина години, вклучувајќи и трки, и потоа се подготвува да добие нов лак, но тоа никогаш не се случува, се до неговото откривање во гатажа во Флорида
New photo by Automedia MK / Google Photos
Mercedes R 129: Техно-пионер, од автоматскиот рол-бар, до врвна аеродинамичност
New photo by Automedia MK / Google Photos
Mercedes 126: Најпродаваната генерација на S-Class во историјата на марката
New photo by Automedia MK / Google Photos

+


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *