154
33 shares, 154 points

Фабриката во којашто се изработува знаменосецот Mercedes S-Class денес доби шестметарска сребрена ѕвезда. Пред неколку месеци, исто толкава ѕвезда се проврте и на покривот на деловниот центар Премиум во Скопје

Во фабриката на Mercedes во Зинделфинген има нова ѕвезда. Од денес, кон центарот на Зинделфинген зрачи нова ѕвезда, поставена на покривот на новата фабрика за S-Class. Во присуство на градоначалникот Бернд Верингер, заштитниот знак на Мercedes беше поставен на петметарска основа. Со пречник од шест метри, ѕвездата се наоѓа на висина од 43 метри. Исто толкава ѕвезда од неодамна се наоѓа и на скопскиот деловен центар Премиум,чијшто инвеститор е Мак Аутостар.

Претходната ѕвезда беше отстранета при уривањето на старата управна зграда, на чиешто место е изградена новата фабрика за S-Class. Во столбовите, темелите, плочите, скалиштата, каналите за лифт и подрумите се вградени 10.000 тони челик.

Mercedes ѕвезда Мак Аутостар

До 2020 година, во комплексот во градот во близина на Штутгарт се инвестираат 1,5 милијарда евра. На тоа следат уште 600 милиони евра, за центар за развој и истражување. Зинделфинген е таканаречен центар за компетентност за возилата од вишата и луксузната класа, како и водечка фабрика за производството на S и E-Class. Наскоро таму започнува и производството на моделите од новата марка електрични возила EQ. Моментно од халите излегуваат лимузината и комбито T-Modell од E-Class, CLS, S-Class во трите каросериски изведби (лимузина, купе и кабриолет), Mercedes-Maybach, целото моделско семејство Mercedes-AMG GT, како и GLA. Дневната продукција изнесува околу 250 возила.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
33 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *