за

Пикапот на Mercedes во специјална мисија во видеоигра

mercedes x-class

Mercedes X-Class е дел од видеоиграта The Crew 2, чијашто премиера е закажана за 29-ти јуни. Пикапот со сребрената ѕвезда стои на располагање за специјалната мисија во којашто се вози по предизвикувачки терени. Пристапот до X-Class и до следните нивоа во играта се отклучува дури откако ќе се совладаат сите предизвици во рамките на Rally-Raid. Со пикапот на Mercedes се појавува и комплетната карта кога ќе се избере модусот Free-Roaming.

X-Class Mission е дел од бесплатната бета верзија на играта, којашто ќе биде достапна од 31-ви мај до 4-ти јуни. Во овој период, мал круг играчи ќе добие ексклузивен пристап до актуелната верзија на играта, пред официјалниот старт на The Crew 2.

За таа цел, Mercedes става на располагање 5.000 кодови за пристап. Овие кодови треба да се побараат на профилите на марката на фејсбук или на твитер, но подобро е тоа да се направи веднаш, затоа што истите се достапни според принципот First Come, First Serve. Продолжението на The Crew е достапно за PlayStation 4, X-Box One и за десктоп.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

куќички на тркала

Во овие куќички на тркала никој не додева

Nio EP9, кинеските автомобили

Сега светот ќе ги копира кинеските автомобили