144
30 shares, 144 points

Како производители на тешки камиони, Mercedes и Renault имаат изградено долга традиција и име во коешто може да се верува. Но, зошто двете марки се впуштија во сегментот на пикапите? Причината е во тоа што и европскиот пазар почна да покажува интерес за нив. Тие се купуваат и како семејни автомобили за секој ден, во случај кога се негува соодветен животен стил, а секако дека привлекуваат и купувачи коишто имаат потреба од такво возило во слободното време.

Mercedes X-Class и Renault Alaskan се идентични, меѓутоа постои и трет модел, којшто ја обезбедува основата и има многу подолга традиција како пикап: Nissan Navara. Што е заедничко, а што различно кај двата пикапи? Одговорите ги бараа нашите германски колеги од мрежата на Аутомедиа, во директна споредба на двата пикапи.

Од спротивната страна на Атлантикот, пикапите веќе долго се најпродавани приватни возила. Интересот за нив почна да расте во Европа во последниве неколку години, главно поради тоа што оддаваат дух на слобода и авантура, но веројатно многу повеќе поради тоа што почнаа да недостигаат грубоста и рустикалноста на старите теренски модели. Голем дел од нив станаа исплакнати СУВ-модели. Тоа што пикапите во основа се малечки камиони – па честопати ги нарекуваме и камионети – само ги прави уште попривлечни.

Споредба пикапи Мерцедес Рено 2
Ваков каросериски завршеток досега не постоеше во понудата на двете марки

За заштита од љубопитните погледи, кај Renault Alaskan служи таканаречен „rollcover“, за когошто се доплаќа оолу 2.000 евра*, додека X-Class има цврст капак што се потпира на два телескопски амортизери и се испорачува заедно со исполиран челичен лак. За оваа дополнителна убавина кај пикапот на Mercedes треба и да се плати соодветно – околу 2.600 евра*. Треба да се внимава товарот да не биде повисок од 50 сантиметри.

Германскиот и францускиот пикап имаат јапонски корени. Nissan Navara владее во сегментот на пикапите веќе во својата четврта генерација

Двата модела во оваа споредба имаат ист мотор (2,3-литарски дизел со 190 КС) и погон на сите тркала. Дизајнерите на двете марки солидно се потрудиле да направат разлики во изгледот. Тоа што знаците во предните маски имаат гигантски димензии не треба да зачудува, покрај габаритите на пикапите: Двата се долги над 5,3 метри и високи преку 1,8 метар.

Поради замената на неколку делови од каросеријата на Navara и пошироката трага на задната оска, товарната површина на Mercedes X-Class е за 8,5 сантиметри поширока меѓу двете поткрила во споредба со Alaskan. Тоа овозможува две европалети да се сместат попречно. Renault компензира со амортизер за задниот капак (со доплата од 125 евра*), со што се спречува тешкиот капак да падне врз рацете при отворањето. Тоа го нема кај Mercedes.

Споредба пикапи Мерцедес Рено 6

Кога пикапот треба да служи и како „семејна лимузина“, добар избор е изведбата со двојна кабина. Во тој случај има место за четири или пет патници. Простор не недостига, се седи повисоко отколку во сите возила околу. Стилистите се потрудиле да извлечат премиум карактер во кабината на Mercedes X-Class. Тоа се забележува во материјалите, во дисплејот од 8,4 инчи за инфо-забавниот систем или во отворите за воздух во кокпитот, коишто се изработени со истиот стил на турбина, како кај лимузините со сребрената ѕвезда.

Но, ова облагородување не стигнало до сите места. Задните отвори за воздух се исти како во Alaskan. Ако затреба дополнителен воздух, во Mercedes може да се отвори задниот прозорец со помош на електромотор, додека патниците во Renault ја немаат оваа опција.

Камера за рикверц е стандард, но не и надолжно местење на воланот

Тоа што на многумина возачи ќе им недостига и во двата модела е надолжно местење на воланот. Камерата за рикверц е стандард, меѓутоа само Renault дополнително располага со паркинг-сензори. Германскиот пикап има електрично местење на предните седишта, францускиот пикап само на возачкото седиште. Разлики се јавуваат и во некои банални работи. Mercedes, на пример, има само еден држач за чаша, додека Renault има два големи држачи.

Кожени седишта со греење, автоматска клима и слични удобности стојат на располагање, меѓутоа само како дел од скапите нивоа на опрема. Кај Mercedes, тоа е нивото Power Edition, а соодветното ниво кај Renault се вика Intense.

Споредба пикапи Мерцедес Рено 3
Од овој агол, Mercedes X-Class и Renault Alaskan изгледаат како робусни теренци – повеќето купувачи тоа и го гледаат во нив

Постојат разлики при ракувањето со спомнатата комфорна опрема. Копчињата кај францускиот пикап се поставени покрај рачката на менувачот, а кај X-Class се на самите седишта. Навигацискиот систем на Мercedes доаѓа со поголем дисплеј, но и полесен е за ракување. Renault на тоа контрира со приказ на целото возило од птичја перспектива.

Брмчаливиот дизел мотор дава се’ од себе за на возачот да му обезбеди чувство како да вози камион. Двата модела се достапни со 6-степен мануелен менувач или 7-степен автоматик. За подобро да се почувствуваат разликите меѓу двата преноса, Mercedes имаше автоматик, Renault мануелен менувач.

Споредба пикапи Мерцедес Рено 13

Управувањето можело да биде подиректно. По приклучувањето на предниот погон се чувствуваат напрегањата во погонскаа спрега, а се зголемува и кругот на вртење. На референтната делница, со 70% возење по споредни патишта, патниот компјутер кај X-Class пресмета 7,8 литри, а кај Alaskan 8,1 литри. Тоа зачудува кога ќе се земе предвид дека Mercedes беше значително потежок. Вагата му измери 2.360 килограми (за разлика од 2.205 kg во сообраќајната дозвола), а кај Renault беа 2.200 килограми. Кога оваа маса треба да се запре брзо и безбедно, во предност е Mercedes, поради диск сопирачките на задната оска.

Споредба пикапи Мерцедес Рено 15

Дали има победник во ова одмерување на силите на „камионите“? Ако при купувањето решава престижот, изборот паѓа на Mercedes. Некои детали не се како што се очекува од марката со сребрената ѕвезда, меѓутоа X-Class на крајот се покажува како подобар автомобил за секаква намена. Доплатата од 4.856 евра* во однос на пикапот на Renault, во конфигурацијата што ја имаа возилата на тестот, сепак се чини дека вреди. Alaskan за цената од 45.839 евра* не само што нуди чувство на возење камион и многубројни детали што се од голема помош за безбедно маневрирање, туку поседува и мошне комфорно ниво на опрема. А, надвор од патиштата, двајцата се непобедливи.

sporedba x-class alaskan
*Сите наведени цени се однесуваат на германскиот пазар

Рено Аљаскан, Мерцедес Х-Класа

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
30 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743