169
57 shares, 169 points

Првиот месец од годинава ни носи интересни статистики за швајцарскиот пазар. Volkswagen во јануари продаде 2.670 возила во алпската земја, додека за втората позиција се решаваше тесно меѓу престижниот Mercedes и народската Skoda. Има раздвижување и кај електричарите, со +77% раст во продажбата

Швајцарците во првиот месец од годинава се подновиле со близу 21.000 нови патнички автомобили. Повеќе од една десетина од продажбата отпаѓа на марката Volkswagen, поточно станува збор за продажен удел од 12,8 проценти. Но, вистинската вест е второто место на Mercedes, со 1.779 возила, незначително повеќе од Skoda, на третото место со 1.745 возила. Премиум марките се покажуваат како вредна инвестиција за Швајцарците, затоа што BMW и Audi следат веднаш на четвртото и петтото место, соодветно со 1.583 и 1.183 возила во јануари. Од водечката петорка, најмногу напредувал токму Mercedes, со +13,1% раст во продажбата, наспроти BMW, чијашто статистика покажува пад од близу 15 проценти во споредба со ланскиот јануари.

Половина од продажбата во Швајцарија се возила со погон на сите тркала, уделот на електричните возила се зголемил двојно, иако тоа се само два проценти удел од целиот пазар

На спротивниот крај на продажната статистика се Aston Martin со 12 возила во јануари, Maserati (26), Tesla (38), Ssangyong (46) и Lexus (54). Познавачите на тамошните прилики нема да се изненадат од податокот дека повеќе од половина од продажбата отпаѓа на возила со погон на сите тркала. Сепак не е случајно „алпска држава“. Кај дизелите има пад од 10%, со вкупно 6.705 продадени возила, но затоа има огромен напредок кај хибридите (околу 1.300 возила, +4,3%). Уште подобро напредуваат електричните возила. Во јануари, во чистата и планинска Швајцарија се продале 434 електрични автомобили или за 77,1% повеќе отколку во јануари лани.

Продажна статистика за автомобилскиот пазар во Швајцарија во јануари 2019
Марки
Јануари 2019
+/- %
Volkswagen 2,670 13.1
Mercedes 1,779 -2.6
Skoda 1,745 13.3
BMW 1,583 -14.8
Audi 1,183 16.2
Ford 974 1.8
Volvo 882 23.9
Peugeot 802 14.9
Toyota 724 5.1
Dacia 674 18.7
Seat 664 -30.9
Renault 642 -21.5
Fiat 590 -14.9
Hyundai 577 -16.5
Suzuki 480 -4.8
Opel 471 -45.9
Citroën 424 -21.8
Mazda 411 -20.5
Subaru 366 6.1
Jeep 359 2.9
MINI 355 -3.5
Nissan 345 -30.0
Mitsubishi 314 35.9
Land-Rover 313 1.6
Kia 281 -1.4
Alfa Romeo 269 -3.9
Honda 218 -19.9
Jaguar 194 67.2
Smart 140 -20.5
Diverse Marken 125 48.8
Porsche 122 -52.7
DS 58 -17.1
Lexus 54 12.5
Ssangyong 46 -27.0
Tesla 38 153.3
Maserati 26 -60.6
Aston Martin 12 300.0
Infiniti 11 37.5
Alpine 10
BMW Alpina 0 -100.0
   
ВКУПНО 20,931 -3.4
     
4 x 4 10,677 -1.6
ДИЗЕЛ 6,705 -10.1
Hybrid (Бензин) 1,105 25.3
Hybrid (Дизел) 173 424.2
Електрични 434 77.1
Метан 12 -86.8
Водород 0 -100.0
Алтернативен погон 1,724 35.6

Tesla вози во служба на швајцарската полиција

Швајцарци ќе произведуваат електричен трицикл за низ град

Швајцарија ќе ги шири улиците поради многуте СУВ-ови

Швајцарскиот електромобил на солена вода извозе 150.000 km без мака

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

169
57 shares, 169 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *