за

Над зградата на Mercedes првпат леташе Volocopter во Европа

Над зградата на Mercedes првпат леташе Volocopter во Европа
Над зградата на Mercedes првпат леташе Volocopter во Европа

Европа го доживеа првиот лет на Volocopter во урбана средина. Тоа беше дел од дводневниот настан што се одржуваше на просторот на музејот на Mercedes во Штутгарт, под наслов „Визија за паметен град – Доживеј на мобилноста на иднината денес.“ Настанот се одржуваше пред многубројна публика, во присуство на шефот на Daimler, Ола Келениус, германскиот министер за внатрешни работи Томас Штробл и премиерот на покраината Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман.

Летот на „дронот за превоз на луѓе“ беше врв на настанот на којшто се прикажуваа замисли за мобилноста на иднината, кои не ѝ наштетуваат на животната средина. Volocopter, партнер на Daimler и Mercedes, најверно може да се опише како летечко такси. Нормално, погонот е на струја, што е совршено од гледиште на тоа што урбаната средина не се оптоварува дополнително со штетна емисија.

Уште една предност што во блиска иднина ќе ја нуди Volocopter секако е избегнувањето на метежот по улиците. Во принцип, идејата се води според мотото дека „во воздухот има уште многу слободен простор за сообраќај“.

Повеќе детали околу Volocopter ќе објавуваме како што ќе ни пристигаат нови информации.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ретки модели од гаражата на Џеј Кеј одат на наддавање

Ретки модели од гаражата на Џеј Кеј одат на наддавање

Електромобилност го најавува традиционалниот електро-собир

Електромобилност го најавува традиционалниот електро-собир