за

„Возач на Mercedes мора да чувствува дека автомобилот има уште резерва“

Mercedes testovi cuvstvo vo vozenje
Mercedes testovi cuvstvo vo vozenje

Mercedes објаснува како неговите експерти го постигнуваат единственото чувство што возачките и возачите го добиваат зад воланот на своите автомобили од штутгартската марка. Нормално, и за тоа постојат формули и мерни параметри.

Возачите на Mercedes не се вознемируваат премногу кога автомобилот минува преку оштетување на патот и имаат доверба дека ќе успеат да реагираат доколку ненадејно се појави пречка или опасност на патот. Ова посебно чувство што соединува безбедност, комфор и самоувереност не е случајност во моделите на Mercedes и експертите на марката го нарекуваат „мецедес-бенц фаркарактер“, односно карактер на возење Mercedes-Benz.

Инженерите во Синделфинген, во предградието на Штутгарт, посебно работат да го постигнат типичното чувство во возење на автомобил со сребрената ѕвезда. Маркус Ридел, шеф на центарот „Ride & Handling“, објаснува совршено јасно: „Возач на Mercedes мора во секоја ситуација да поседува чувство дека неговото возило поседува уште резерви.“

Mercedes мора да биде безбеден, комфорен и самоуверен

Трите главни фактори што го создаваат посебното мерцедес-чувство, односно безбедноста, комфорот и самоувереноста, се поставуваат како основа уште во почетокот на развојот на секој нов модел. За таа цел се земаат податоци од повеќе од 90 физички мерливи големини, односно главно се земаат вертикалното, попречното и надолжното забрзување во разни услови на возење.

New item by Automedia MK / Google Photos

Потоа следат безбројни пресметки, се изведуваат најразлични конструкции и се вршат симулации во компјутерски центри, за потоа да се изработат соодветни компоненти и да се изберат системите што најдобро ќе послужат во остварувањето на целта. Хер Ридел: „Уметноста на развојниот процес е во тоа меѓусебно да се спојат овие целни големини, на начин на којшто се постигнува комплетно возачко доживување.“

До целта минуваат три фази: Дигитална компјутерска симулација, мерења во лабораторија и на најразлични патишта, како и фино дотерување врз основа на субјективно чувство во возила што се пред почеток на сериско производство.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во Зинделфинген се користат најразлични симулатори на возење. Едниот од нив се состои од две седишта, кои се поставени на шест „ногарки“, со коишто се управува преку електрика. Тука се експериментира како да работат пружините и да придушуваат амортизерите. Притоа се користат дигитални возила, кои возат по дигитални патишта, односно возилата кои во центарот постојат само во форма на нули и единици се изложуваат под дејство на сили, исто како да возат по одреден пат.

Карактерот на секој нов модел се одредува токму во фазата додека тој е во „електронска форма“, односно постои само во компјутерите

Тоа се реални податоци што инженерите ги имаат измерено претходно, возејќи со вистински автомобили и по вистински патишта. На овој симулатор се избира вистинскиот баланс меѓу спортски тврдо и комфорно меко подвозје, нели со цел да се добие мерцедес-чувството.

Еден кат погоре се наоѓа возен симулатор за управливост, кадешто безбедноста е главна тема. Овој симулатор што изгледа како топка и се наоѓа на шина долга 12 метри, со проекциско платно во 360 степени напред, со најреално озвучување и со брз електричен погон, мошне е сличен со симулатор на летање. Разликата во споредба со претходно спомнатиот симулатор е во тоа што „возачот“ тука сам управува, додава гас, запира и го менува правецот.

New item by Automedia MK / Google Photos

На симулаторот за управливост се проверува како идниот модел ќе реагира на двојно менување правец или на силен страничен ветар – и на цела низа сценарија што инженерите ги ценат како релевантни. Малку е познато дека тука се избира и вистинската димензија на гумите и притисокот во нив.

Контролниот уред на системот за стабилизација денес има 22 функции – имајќи ги предвид многубројните системи за асистенција што станаа стандард во моделите на Mercedes во минативе години

Конкретно во контролата на програмата за стабилност, на ЕЅР, денес се интегрирани 22 функции. Овие функции мора да се проверат во околу 900 најразлични маневри. За оваа процедура да се скуси, служат најнапредни компјутерски центри, кои за една ноќ можат да извршат 30 милиони процесорски операции.

На крај следат тестирања со вистински возила во вистински услови. Во центарот за развој во Зинделфинген се наоѓа дури и делница со гранитна коцка, за проверка како возилото ќе реагира на таква подлога.

Студиите покажаа: Mercedes е најиновативна премиум марка

https://www.instagram.com/p/B6fHpeYKDGR/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen цени дека Touran е одличен автомобил за Дедо Мраз

Volkswagen цени дека Touran е одличен автомобил за Дедо Мраз

Volkswagen пушта роботи-полначи до електричните автомобили

Volkswagen пушта роботи-полначи до електричните автомобили