132
21 shares, 132 points

Со моќност од 3.500 КС, четиривентилска техника, две свеќички по цилиндар и контрола на тракција, овој болид требаше да му донесе рекордерска титула на Mercedes. Но, избувна војна, проектот замре. По осум децении, техничарите изработија близнак на Mercedes T 80 – само како музејска поставка

Фабричкиот возач Ханс Штук, една од најчесто спомнуваните тркачки легенди во историјата на Mercedes, сакаше да постави брзински рекорд кон крајот на 1930-те години со Mercedes T 80. Целта беше да се постигнат 650 километри на час, многу побрзо од рекордните 595,04 km/h на Британецот Џон Коб од 1939 година, со Railton Special. Но, во тоа време избувнува втората светска војна и ловецот на рекорди со 3.500 КС не го завршува планираното возење.

Фердинанд Порше, најангажираниот инженер во тоа време, добива налог од Daimler-Benz AG да го конструира T 80

Фотографии од оригиналниот автомобил досега честопати се појавувале во јавноста. Тие прикажуваат долгнавест, низок и аеродинамички оптимиран ловец на брзински рекорди. Но, во реалноста следи сосема различна слика. Mercedes T 80 е подолг од осум метри, а шесте тркала имаат пречник од речиси 1,2 метар.

Mercedes T 80 1

Каросеријата на автомобилот од пред војната досега била изложувана повеќе пати. Но, светот сега за првпат може да ја види и реставрираната шасија од 1939 година. Секако дека тоа е дело на куќниот специјалист за историски возила Mercedes-Benz Classic. На оригиналната шасија е поставена комплетно реконстуирана цевна рамка, којашто ги навестува уникатните димензии на целиот автомобил. Посебно внимание ќе привлече пресекот на моторот DB 603, како ретка можност да се погледне техниката од 1930-те години.

Рамката е изработена од 150 метри цевки со пречник од 20 милиметри и дебелина од 1,5 милиметар. Во архивите постојат над 500 технички цртежи за Mercedes T 80. За изработка на рамката со оригиналните производствени техники беа пторебни три месеци

На оригиналната шасија е поставена и комплетната погонска техника: Моторот, центрифугалната спојка, оските, а дополнително и сопирачките. Кокпитот, заедно со кожениот волан, педалите, инструментите и возачкото седиште со оригиналното платно, исто така се монтирани на шасијата. Целта на проектот беше да се покаже впечатливата техника на Mercedes T 80 под аеродинамичнио скроената каросерија, но и да се покаже мајсторството на експертите на Mercedes Classic. Бизнисот со реставрација на олдтајмери станува важна гранка и за индустриските гиганти во производството на автомобили, а од Mercedes никој не може да направи подобар Mercedes.

Mercedes T 80 4

Технички податоци · Mercedes-Benz T 80 (Typ 80)

Мотор: Daimler-Benz DB 603 специјален тркачки мотор, свртен обратно заради пониска висина (од фамилијата авионски мотори на Daimler, вградувани и во Messerschmidt)
Принцип на работа: Четиритактен, бензински
Цилиндри: V12 со висечки вентили, 60о
Пречник и од: 162 х 180 mm
Работна зафатнина: 44.500 cm3
Компресија 1:7,5 (лев ред цилиндри), 1:7,3 (десен ред цилиндри)
Подготовка на смеша: Впрскување бензин со пумпа Bosch PZ 12 HP 120/22 со капацитет за 1.500 литри / час
Ладење: Со течност
Погонско гориво: Смеша од специјални тркачки горива XM и WW, во еднаков сооднос. XM се состои од 40% метилалкохол + 32% бензол + 24% етил алкохол + 4% лесен бензин. WW се состои од 86% метил алкохол + 8,8% ацетон + 4,4% нитробензол + 0,8% етер
Моќност: 2.059 kW (2.800 КС) при 2.500/min; На динамометар измерена моќност од 2.206 kW (3.000 КС) при 3.200/min со 50:50 смеша од XM и WW; Пресметана моќност од 2.574 kW (3.500 КС) при 3.460/min со 50:50 смеша од XM и WW
Вентили: 2 вшмукувачки, 2 издувни вентили по цилиндар, со натриумско полнење
Коленасто вратило: Шест лежишта
Стартер: Bosch AL-SGC 24 DR2
Палење: Bosch двојно магнетно палење, по две свеќички по цилиндар
Редослед на палење: 1-11-2-9-4-7-6-8-5-10-3-12-1
Подмачкување: Со сув картер, со една главна и две повратни пумпи
Ладење: Гликол, на 105 степени Целзиусови
Спојка: Со шест ламели, сервохидраулично активирање, фрикциски површини од плетена жица со азбестно полнење
Компензација на вртежен момент: Автоматско, го регистира пролизгувањето на задните четири погонски тркала и го регулира вртежниот момент на моторот
Погон: 6 х 4
Меѓуоскино растојание: 3.550 mm до првата задна оска + 1.280 mm меѓу двете задни оски
Ширина на трага: 1.300 mm (напред), 1.320 mm (прва задна оска), 1.180 mm (втора задна оска)
Димензии: 8.240 mm должина, 1.740 mm ширина без странични перки, 3.200 mm ширина без странични перки, 1.270 mm висина, 140 mm растојание од подлога во место, 185 mm пресметано растојание од подлога при 650 km/h
Тежина: Цело возило 2.800 kg, каросерија 344 kg, цевна рамка 124,5 kg, надворешни облоги 132,5 kg, мотор 808 kg, тркала по 50 kg
Тркала: Жичени со централна завртка, 7,00-32, надворешен пречник 1.170 mm во место, до 1.240 mm при 650 km/h
Гуми: Continental, специјална изработка, без профил

Mercedes T 80

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
21 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743