103
15 shares, 103 points

Mercedes честопати бил во пионерска улога во историјата на автомобилизмот, ако не и најчесто. Штутгарт првпат прави кампања за изведбата на Sprinter како возило за кампување. Постојаниот градски метеж, поскапувањето на паркингот, зелените зони, сето тоа наведува на помисла: Дали вистинскиот луксуз денес е со кампинг возило да се излезе малку подалеку од цивилизацијата. Во таа смисла, камперот од Sprinter е новиот „S-Class“.

Mercedes-Benz денес ја започнува кампањата во светски рамки под име „Already there. The new Mercedes-Benz Sprinter for Camper Vans“. Посебноста на овој чин е во тоа што Штутгарт првпат пушта рекламна кампања за возило за кампување, врз основа на Sprinter. Оваа смена укажува на тоа дека Mercedes повторно увидува нешто, што светот ќе го открие наскоро. Тоа е луксузот, со кампер да се излезе од цивилизацијата.

Марион Фризе, шефица за маркетинг во Mercedes Vans знае најдобро: „Се случува бум на пазарот на возила за кампување. Ние сакаме да учествуваме во тој тренд уште посилно од досега… Со Sprinter, чувството на летен одмор почнува уште пред поаѓањето на пат.“

Клучен дел во кампањата се два спота. Едниот е под наслов „Are we there yet?“ и на хумористичен начин ја обработува познатата ситуација со мали деца на патување. Вториот спот продолжува во истата смисла и именуван е „Call me when you arrive“.

Спотовите за кампинг-изведбата на Mercedes Sprinter


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

103
15 shares, 103 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *