163
21 shares, 163 points

Mercedes SL некогаш се вбројуваше меѓу најсјајните ѕвезди на германската автоиндустрија. Но, овој луксузен модел во последните години остана заборавен. Тоа може да смени со моделското освежување.

Исто како при моделското освежување во повеќето досегашни генерации на SL, изгледот не се смени многу. Предниот дел на Mercedes SL кој ќе се продава од следниот април е дизајниран одново. Сменетите диодни светла повеќе не гледаат толку подзамижано како досега, а и браниците и маската прават отворениот двосед да изгледа посвежо. Задните светла целите се изведени во црвена боја. И тука завршуваат сите промени во изгледот.

mercedes sl 2016 (8)
Автоматскиот преклоплив покрив сега може да се отвора и затвора при брзина до 40 km/h. Наследникот веројатно ќе се врати на платнениот покрив, како во првите генерации

Автоматскот преклоплив покрив конечно може да се отвора и затвора при брзини до 40 километри на час, а има и најави дека наследникот повторно ќе добие платнен покрив како кај првите генерации на моделот. Во Mercedes сепак најдобро си го познаваат автомобилот: „SL е возило за цела година, без какви било ограничувања во секојдневието, но првенствено е возило од соништата за посебните моменти во двојка. Што и да посака сопственичката или сопственикот, тој ќе ги исполни сите барања со техничко совршенство.“

Деветстепен автоматик за уште помеко менување и за заштеда на гориво

Во основниот модел SL 400 и натаму работи V6, сега засилен на 367 КС, додека најбараната моделска изведба SL 500 вози со 455 КС. Новитет е можноста за избор на програми за возење, кои ја приспособуваат реакцијата на погонската спрега и подвозјето според желбите на возачот, а доаѓа и нов деветстепен автоматски менувач, кој освен за намалување на потрошувачката се грижи и за уште помеко менување на степените на пренос.

mercedes sl 2016 (6)Спортската подмарка Mercedes-AMG повторно има на располагање две дополнителни изведби на SL. „Послабата“ извлекува 585 КС и 900 њутнметри во Mercedes-AMG SL 63, додека дванаесетцилиндарецот во Mercedes-AMG SL 65 додава уште малку и доаѓа до 630 КС и точно 1.000 њутнметри. Потрошувачката во зависност од моделот се движи меѓу 7,7 и 11,9 литри на сто километри. Ограничувањето на крајната брзина на 250 km/h може да се отстрани со посебна доплата кај верзиите на AMG.

Подвозјето со електронска регулација на амортизерите може да се добие во спортска верзија или со систем за спречување на навалувањето на каросеријата во свијоци. Без разлика дали свијоците се совладуваат со 15 или 180 километри на час, SL се навалува странично само до 2,65 степени, и толку.

Актуелниот модел чини точно 300.000 евра во верзијата SL 65 AMG

Промени има и во внатрешноста, иако тоа нема да смени многу во фактот дека SL и досега беше една од најлуксузните форми за уживање во отворен двосед. Дополнета е и листата на системи за асистенција, во кои родстерот сега воопшто не заостанува зад лимузините и купеата од класата S.

Во цената нема да се промени многу. Актуелниот Mercedes SL 400 во ценовникот за Македонија стартува од 121.350 евра, додека за најскапиот SL 65 AMG треба да се издвојат точно 300.000 евра. Единствено S-Coupe 65 AMG е поскап, а и тоа ќе се смени откако ќе пристигне кабриолетот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743