за

Mercedes S-Class има „амортизери“ со камера и воздушна перница во средина

Mercedes S-Class W223 novini
Mercedes S-Class W223 novini

Mercedes ги открива деталите околу новиот S-Class во порции. Иновациите што знаменосецот на Штугарт ги носи во секоја генерација се преобемни. Овојпат за подвозјето што користи камера за однапред да се подготви за нерамнините и за воздушните перници на места на кои досега не се вградувале.

Новиот луксузен крстосувач на Mercedes става нагласок на уживањето во возењето и на безбедноста. За тоа придонесуваат бројни новини, меѓу кои управувана задна оска или „предни“ воздушни перници за патниците на задната клупа. Иновација што делува импресивно, но и покрај тоа е најдобро да не се почувствува нејзината делотворност, е автоматското подигнување на каросеријата за 8 сантиметри, во случај возило да се влета странично во S-Class. На тој начин подобро се искористуваат структурните зајакнувања во каросеријата, за заштита на патниците.

Идејата со управуваната задна оска е да се овозможи лесна управливост на долгата лимузина по градските улици, затоа што со завртувањето на задните тркала до 10 степени се скусува кругот на вртење – на помалку од 11 метри во верзијата со продолжена каросерија. Тоа е скусување за два метри, со што S-Class во град се вози исто како A-Class. Од друга страна, истата оска располага и со функција за возните својства при возење по кривулест пат да бидат уште подинамични.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најважните новини во Mercedes-Benz S-Class

Активното подвозје E-ACTIVE BODY CONTROL (со доплата) користи пет микропроцесори, над 20 сензори и стерео-камера за однапред да реагира во најразлични ситуации.

  • Целосно активно подвозје под напон од 48 волти, со широк дијапазон на избор меѓу спортско или комфорно возење
  • Сензориката ја анализира ситуацијата 1.000 пати во секунда и го приспособува подвозјето
  • E-ACTIVE BODY CONTROL овозможува амортизацијата на секое тркало да реагира различно, со цел да се спречи секое попречно, надолжно и верикално задвижување на каросеријата
  • Кога ќе се избере програмата Comfort, системот со име ROAD SURFACE SCAN со помош на стерео камера го скенира патот пред возилото. Потоа амортизацијата се приспособува со цел да се спречи секакво задвижување на каросеријата
  • Кога се вози по кривулест пат, може да се избере програмата Curve, во којашто амортизацијата работи исклучително комфорно, а во исто време се спречува и странично наведнување на каросеријата, за возењето да биде пријатно и за патници со чувствителен стомак
Во подрачјето на безбедноста, во новиот S-Class се применети бројни иновации од студискиот автомобил ESF:

Новите задни воздушни перници (со доплата) се први „предни“ воздушни перници за патниците на задната клупа. Тие се одликуваат и со нова конструкција во форма на цевка. Тоа овозможува перницата да се отвора понежно, за опасноста од повреда на главата и вратот на патниците на страничните места на задната клупа да се сведе на најмала можна мера.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Корисни се и светилките што се вградени во бравите за безбедносните ремени. Во комбинација со соодветните системи од MBUX-составот, првпат со помош на камера се препознава дали е поставено детско седиште на совозачкото место

Средишната воздушна перница се отвора меѓу возачот и совозачот при тежок страничен судир, заради намалување на опасноста од меѓусебно удирање на главите

Каросеријата се подигнува за 8 сантиметри при неизбежен страничен удар во S-Class, за на тој начин да се искористат цврстите структури во подот на каросеријата
New photo by Automedia MK / Google Photos

Во следното продолжение ќе објавиме куси информации за новините во системите за асистенција.

>>> Mercedes E-Class спортски и наелектризиран во Мак Аутостар

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Мини-кампер од Volkswagen Caddy може да донесе големо уживање

Мини-кампер од Volkswagen Caddy може да донесе големо уживање

Kia собра над 2.000 фудбалски обувки за хуманитарни цели

Kia собра над 2.000 фудбалски обувки за хуманитарни цели