за

Во оваа капсула е кабината на новиот Mercedes S-Class

Mercedes S-Class kabina 00001
Mercedes S-Class kabina 00001

Од Mercedes не се очекува помалку освен голема револуција во новиот S-Class. Очекувањата се исполнети, почнувајќи уште од начинот на кој Штутгарт ја претставува кабината на својот знаменосец. Има уште многу детали за откривање, меѓу кои и вклучувањето на функциите преку поглед.

Пристапот, вклучувањето и користењето на функциите на уредите, општо се нарекува ракување. Но, дали и вклучувањето на функциите во новиот Mercedes S-Class уште може да се нарекува ракување? Како што најавува Штутгарт, дел од функциите во луксузниот крстосувач во неговото 2020 годиште ќе се вклучуваат со поглед. Ракување со поглед?

При развојот на новиот S-Class, „архитектите“ на Mercedes почнаа од задната клупа. На најголемите пазари за големата лимузина, сопствениците обично седат назад. А, тие се луѓе со многу обврски и одговорности. Додека комотно се завалени во седиштата што се обложени со мека напа кожа, тие имаат пристап апсолутно до сé што им е на дофат и на канцелариското биро. Преку три дисплеи, од задната клупа може да се пристапува до истите функции како на предните седишта, а секако дека не отсуствува и интелигентното асистирање од системот MBUX.

https://photos.app.goo.gl/GVwheQbW6QTJuiB2A

Новиот Mercedes S-Class доаѓа со втората генерација на овој систем што стана прочуен по „Еј Мерцедес“ и во меѓувреме е масовно копиран од останатите марки. Некои од дисплеите се изведени со органска диодна техника и располагаат со впечатлива графика за вклучување на одредени функции. Штутгарт засега само воопштено ги спомнува можностите на новиот знаменосец. Се зборува за пошироки можности за индивидуализација и интуитивно ракување, како за возачот, така и за патниците. Дисплејот пред возачот посредува реален 3D приказ, со длабински ефект. Тоа ќе биде функција што ќе мора да се искуси во живо.

https://photos.app.goo.gl/zbJiiaAmjFALNHx36

Дел од функциите на MBUX ќе бидат достапни со строги безбедносни „рампи“, на пример со внесување PIN, со отпечаток, препознавање лице и говор, и секаква комбинација од нив. Тоа е направено со цел да се постигне висока сигурносна заштита кога се пристапува до услуги кои се поврзани со плаќање.

MBUX тука е поврзан со најразлични системи и сензори. Кога се отвора врата, доколку наидува друго возило или велосипедист, тогаш амбиенталното светло трепка во црвена боја и предупредува.

Mercedes цени дека новата S-Class е автомобил што ќе се доживее со речиси сите сетила, односно со поглед, со допир и со слух.

https://photos.app.goo.gl/PyT6a19LeuhNuZB39

Најважните обележја во кабината на новиот Mercedes S-Class
  • Нова технологија на дисплеи и MBUX за сите патници
  • Средишниот дисплеј е поставен исправено
  • Опција се OLED-дисплеи со повратна информација
  • Дисплејот пред возачот има реален тридимензионален ефект
  • До три дисплеи назад
  • Содржината на дисплеите може да се сподели со дисплеите на останатите патници
  • До навигацијата може да се пристапи и од задната клупа
  • Ракување со сончевиот покрив по пат на гестикулација
  • „Hey Mercedes“ може да се користи и од задната клупа.
  • Доволно е да се каже „уморен/на сум“ по што се вклучува програма за виталност.
  • Од возилото може да се вклучат уреди во домаќинството со функција Smart-Home
  • Навигацијага прикажува анимирани знаци, кои личат како да се проектирани врз патот

https://www.instagram.com/p/CCY4auSIh8r/

Mercedes AVTR е колата што светот досега ја немаше ниту замислено

Mercedes Vision AVTR
Mercedes Vision AVTR

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Hilux е најдобар пикап за работа според „Firmenauto“

Toyota Hilux е најдобар пикап за работа според „Firmenauto“

Aston Martin DB5 Continuation 00001

Aston Martin како на Џејмс Бонд чини 3,6 милиони евра