за

Јубилеј за Mercedes S-Class: Половина милион луксузни лимузини од тековниот модел

Јубилеј за Mercedes S-Class: Половина милион луксузни лимузини од Зинделфинген
Јубилеј за Mercedes S-Class: Половина милион луксузни лимузини од Зинделфинген

Од производствената лента во фабриката во Зинделфинген излезе 500-илјадитиот примерок од S-Class од тековната генерација. Лимузината од високата класа се произведува од 2013 година единствено во оваа фабрика и оттука се испорачува ширум светот.

Новите технологии во производството во рамките на концернот Daimler честопати се воведуваат прво во Зинделфинген, во фабриката од којашто излегува S-Class. Таков пример имаше во 2017 година, кога луксузниот крстосувач во рамките на еден пилот-проект прв ја напушти производствената лента без потреба од возач зад воланот.

Фабриката користи најразновидни дигитални технологии, најмодерен пренос на податоци и актуелен хардвер. Запис во хартиена форма не постои во производствениот процес. Работниците ги добиваат сите информации, на пример за обемот на опрема на конкретното возило, директно на екран.

Во виртуелен приказ на целата фабрика може секое возило да се лоцира во било кој момент. Клиентите на марката можат и самите да ја користат оваа можност и да проверат како моментно напредува производството на нивниот автомобил.

Mercedes S-Class

Посебно внимание се посветува на ергономијата на работното место. Постојат подвижни платформи што се движат заедно со возилото на коешто се работи во моментот. Преку таканаречениот ErgoSkid, возилата на монтажната лента се подигнуваат за 26 сантиметри, за работниците полесно да ги постават каблите во подот.

Кога новата генерација на Mercedes S-Class се појави премиерно во 2013 година во Хамбург, стручниот свет ја оцени како „најдобриот автомобил во светот“. Станува збор за најпродаваната луксузна лимузина во светот. Од појавувањето на првиот „Typ 220“ во 1951 година, испорачани се повеќе од 4 милиони примероци од сите генерации на S-Class досега. Денес најголем пазар е Кина, кадешто се продава секој трет примерок.

Mercedes S-Class произведен во оваа фабрика носи посебна етикета „Made in Sindelfingen

Зинделфинген важи како водечка фабрика во производството на E-Class и S-Class. Таму во иднина ќе се произведуваат и електричните возила од новата подмарка EQ. Во фабриката се вработени повеќе до 25.000 лица. Оттаму моментно излегуваат E-Class (во лимузинска и комби изведба) и CLS, лимузината, купето и кабриолетот од S-Class, ексклузивниот Mercedes-Maybach, целото моделско семејство на Mercedes-AMG GT, како и кросоверот GLA. Секој ден во специјалниот центар за клиенти се испорачуваат околу 250 возила, директно на сопствениците кои доаѓаат да го преземат својот нов автомобил.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by Glaucia (@_glauciaf) on

Mercedes го најавува осмиот A-Class: Кросоверот GLA премиерно на 11-ти декември

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota c-hr 2020

Toyota расте во сите правци: Плус промет, заработка, возила

Започна производството на новата Skoda Octavia

Започна производството на новата Skoda Octavia