за

Септември му донесе уште еден рекорд на Mercedes

mercedes e-class продажба септември
mercedes e-class продажба септември

Mercedes-Benz во минатиот месец постигна нов рекорд со 223.838 испорачани возила, што е 10,4 проценти повеќе од ланскиот септември. Во целото тромесечје од јули до септември, испораките достигнаа 590.514 возила (+12,3%), што е уште еден рекорд, за најдобар трет квартал во историјата на компанијата. Тоа донесе и нов, позитивен тренд (+0,6% до септември), затоа што вкупната продажба по првото полугодие се најде во минус.

Најголема заслуга за постигнатиот раст имаат моделите од компакт класата, но солидно се одвива и продажбата на класичните моделски серии, C, E и S-Class. Mercedes повторно е најпродавана премиум марка во Германија, Велика Британија, Франција, Белгија, Швајцарија, Португалија, Данска, Турција, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Тајланд, Канада и Јужна Африка.

Од сите модели од семејството што се базира врз A-Class, кадешто спаѓаат уште B-Class, CLA Coupé, CLA Shooting Brake и GLA, како и новата лимузинска изведба на самата A-Class, во септември се продале 72.700 примероци (+17,7%), повеќе од кога било досега за еден месец. Резултатот од почетокот на годината се 489.600 примероци (+10,6%), што е уште еден рекорд за компактите на Mercedes.

mercedes cla prodazba maj
Mercedes CLA Coupe, веќе цел свет знае, дизајниран од Славче Таневски

Лимузината и комбито T-Modell од најсилниот столб на марката, E-Class, во септември постигнале 33.800 испораки (+11,8%). Само лимузината има нов продажен рекорд, вклучувајќи и „национални“ рекорди во Јужна Кореја и Кина.

Лимузината S-Class во минатиот месец има голем раст и 5.700 испораки (+11,1%). Голем поттик доаѓа од Кина, кадешто луксузниот крстосувач имаше двоцифрен пораст. САД покажуваат традиционално голем интерес за моделот, исто така со двоцифрено зголемување на продажбата во септември.

Детален преглед на продажбата на Mercedes-Benz Cars

Септември 2019

Промена во %

До септември 2019

Промена во %

Mercedes-Benz

223.838

+10,4

1.725.243

+0,6

smart

7.286

-32,8

87.776

-8,9

Mercedes-Benz Cars

231.124

+8,2

1.813.019

+0,1

Продажба на Mercedes-Benz по региони / пазари

Европа

99.092

+8,2

692.533

+0,5

само Германија

28.397

+24,7

228.737

+5,0

Азија / Пацифик

88.676

+17,6

731.279

+2,3

само Кина

61.664

+12,9

525.890

+5,0

НАФТА

31.819

+1,7

265.147

-2,5

само САД

27.433

+4,8

224.212

-0,5

Mercedes-AMG GLB 35: Седум седишта со пет секунди до сто

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota e-Palette Tokyo 2020

Toyota организира автоматизиран превоз за Олимпијадата Токио 2020

naslovna ford gt 40 kniga

Приказна за Ford што го победи Ferrari на 500 страници