148
20 shares, 148 points

Пристигањето на лимузинската изведба во гамата на A-Class штотуку почнува да се покажува во продажбата на Mercedes. Во април, марката со сребрената ѕвезда продала близу 182.000 автомобили во светски рамки. Со привршувањето на обновата на речиси целата гама СУВ-модели, се очекува продажбата во следните месеци да постигне нови рекорди.

Mercedes во април испорачал 181.936 автомобил ширум светот, што дава просек од близу 8.300 автомобили секој работен ден. Вкупната бројка од почетокот на годината е 742.809 продадени возила. Тоа е за околу пет проценти послабо во споредба со првите четири месеци лани, но се должи првенствено на хомологирањето на возилата според новата норма WLTP и ограничената достапност на одредени модели додека не заврши административната постапка.

Mercedes A-Class ја турка продажбата кон нови рекорди, со +6,0% во април

Пристигањето на лимузинската изведба во гамата на A-Class веќе се покажува и во продажните бројки. Моделите од семејството компакти на Mercedes во април постигнале раст од 6 проценти. Во сегментот на СУВ-моделите има мала стагнација, поради генерациските смени на неколку модели, меѓу кои GLE, фејслифтот на GLC и GLC Coupe, како и стартот на GLS.

Од почетокот на годината, Mercedes е најпродавана марка во премиум сегментот во Германија, Велика Британија, Франција, Швајцарија, Шведска, Португалија, Полска, Данска, Чешка, Австралија и Канада.

Од 6-ти мај официјално започнува продажбата на EQC, односно на „мерцедесот меѓу електричните автомобили“, како што го нарекуваат менаџерите во Штутгарт.

Mercedes EQC 400 4matic старт производство

Посебно по моделски серии, од A-Class, C-Class, CLA, CLA Shooting Brake и GLA во април се продадени повеќе од 49.000 примероци (+6,0%). Моделите од средната класа, C-Class и комби изведбата T-Modell постигнале над 138.000 продажби (-0,8%). Поради генерациските смени, во СУВ-понудата е регистрирана смалена продажба (околу 60.000 возила, -12,7%) на моделите GLA, GLC, GLC Coupé, GLE, GLE Coupé, GLS и G-Class.

Добри бројки постигнува и smart, со раст од 14,3% во април и вкупно 11.573 испораки ширум светот. Двоцифрен пораст има на традиционалните европски пазари, односно Германија, Италија, Франција, Швајцарија, Белгија и Австрија.

Светска продажба на Mercedes-Benz Cars во првите четири месеци од 2019 година


Април 2019

Тренд (%)

До април 2019

Тренд (%)

По региони

Европа

71.263

-4,8

295.941

-5,4

само Германија

24.970

-1,3

95.512

-4,1

Азија / Пацифик

79.125

-1,4

319.121

-3,1

само Кина

57.707

+0,8

232.050

+2,2

НАФТА

27.557

-16,9

111.668

-11,7

само САД

22.949

-15,7

94.120

-10,9

Електричниот Mercedes EQC од денес во сериско производство

Mercedes пред 125 години го произведе првиот големосериски автомобил

Mercedes го испорача 750.000-от камион во „пакет“

Топ 10 Најдобри дизајни на Mercedes во избор на Славче Таневски

 

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
20 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *