за

Mercedes за половина година продал над милион патнички возила

Mercedes за половина година продал над милион патнички возила
Mercedes за половина година продал над милион патнички возила

Од почетокот на годината, Mercedes продал 1.071.136 автомобили и ванови. Одлични вести пристигаат од Кина, каде што е постигнат историски рекорд за вториот квартал од годината, со раст од 21,6 проценти.

Mercedes во вториот квартал стави силен нагласок на дигиталните услуги, во услови кога истите јасно ги покажаа своите предности во пандемијата. Брзото отворање на салоните, широката понуда од модели, и секако, силниот имиџ на марката, придонесоа Mercedes уште во јуни повторно да бележи раст во продажбата (+0,6%). Премиум марката се покажа повеќе отпорна на корона-кризата и продажбата забележи помал пад од просекот во браншата. Во регионот на Азија и Пацификот, марката од Штутгарт дури постигна и историски рекорд, за периодот од април до јуни.

Моделите на Mercedes со плагин-хибриден погон во првото пологодие постигнале четирипати повисока продажба отколку во истиот период лани. Новите нарачки за електричните модели навестуваат позитивен тренд во продажбата во втората половина од годинат. Шефицата за продажба, Брита Зегер, очекува голем раст во продажбата на електричните модели во следните шест месеци.

Mercedes до јули продал 935.089 патнички автомобили (-17,6%). Наспроти тоа, кај мини-марката Smart има поголем пад (-83,3%), што се должи на целосното преоѓање на возила со електричен погон. Smart сепак продал 10.101 примероци од своите Fortwo и Forfour ширум светот. Пандемијата влијаеше и врз продажбата на ванови, за приватни и деловни корисници. Mercedes-Benz Vans забележа пад од 25,6% до јули. Вкупно се продале 125.946 примероци од Sprinter, Vito, Vito Tourer и Citan. Од вториот квартал се нудат и електричните eSprinter и EQV (V-Class).

Mercedes останува најпродавана премиум марка на германскиот пазар

Во Европа, продажбата на Mercedes достигнала 313.490 патнички автомобили (-31,5%). Само на Германија отпаѓаат 106.167 примероци (-27,9%), каде што Mercedes-Benz и натаму е најпродавана премиум марка. Во Азија-Пацифик е забележан рекорден втор квартал, со 259.404 возила (+8,9%). За тоа најмногу придонесе кинескиот пазар, со 207.107 возила (+21,6%). Во пандемијата солидно се движи и продажбата во САД, со 127.207 премиум возила (-13,7%).

Секое теренско возење во Mercedes почнува од GLA

Секое теренско возење во Mercedes почнува од GLA

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW вчитува нов софтвер во автомобилите – преку телефон

BMW вчитува нов софтвер во автомобилите – преку телефон

Toyota Hilux е најдобар пикап за работа според „Firmenauto“

Toyota Hilux е најдобар пикап за работа според „Firmenauto“